Важна вест за тие кои деновиве ќе одат во Грција – не капете се во морето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во последните денови не е погодно за плажа. Невообичаено ладно е и морската вода во Грција за овој период од годината.


Некои веќе имаат направено планови за летен одмор, а други сонуваат за крајбрежјето. Морето, сепак, е сè уште несоодветно и само најхрабрите влегуваат во него. Температурата на водата во Грција е пониска од очекуваната за сезоната.

Според податоците на метеоролошката служба на Националната опсерваторија во Атина, феноменот е забележан во речиси целиот Медитеран, пренесуваат европските медиуми.

Податоци од оваа недела покажуваат дека температурата на водата е помеѓу 16 и 17 степени во северниот дел на Егејското Море и во Јонското Море, додека во јужниот дел на Егејското Море е меѓу 18 и 19 степени. Отстапувањето од нормата за првите десет дена од мај е помеѓу еден и два степени.

Ладното море се должи на ниските температури на воздухот и силните ветришта во последниве денови.

Сепак, долгорочните опсервации покажуваат дека од 1982 година температурата на морската вода се зголемува секоја година, особено во источниот Медитеран, каде што температурата е веќе два степени повисока.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This