ВАЖНИ ПОУКИ КОИ ШТО ГИ ПРИМЕНУВААТ ЈАПОНЦИТЕ: “Секогаш вратете ја услугата!”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јапонија се очекува дека секое нешто што сте го започнале – ќе го завршите (до крај).
Ејми Чавез е американска новинарка кој живее во Јапонија и пишува колумни за мистериозната земја за неколку западни публикации.

Кога таа прво дојде во Јапонија, била импресионирана колку е се ефекасно и уредно. Улиците се чисти, возовите пристигнуваат на време, а луѓето се тивки и љубезни, можеби малку ексцентрични, давајќи им посебен шарм.

Никој не се враќа од оваа земја ист каков што бил.

Еве ги главните впечатоци на оваа новинарка, што може секоја земја да ги примени:

Секогаш вратете ја услугата, без оглед на сѐ!

Во Јапонија брзо се учи не само да прифатите услуга, туку и да ја вратите. Не мора да биде ништо големо, но треба да се покаже благодарност. Ако, на пример, некој ви помага да внесете нов кауч во куќата (стан), тогаш за возврат купите барем пијалок.

Љубезноста оди подалеку од “Благодарам” и “Збогум”.

Љубезноста и манирите се многу важни во јапонската култура. Ако побарате некој на улиците да ви ја покаже улицата, или случаен минувач ќе нацрта мапа или ќе ве однесе до местот  каде што треба да одите. Љубезноста во овој случај значи несебичност, а тоа уште повеќе значи дека:

Ставете ги другите пред вас.

Најдобар начин да им покажеме на другите колку е важно да ги ставиме во прв план. Да им направите мали отстапки, услуги. Во јапонските домови, има дури и посебно место за гости, што е речиси најубаво место во куќата.

Никој од групата не е исклучен.

Не постои такво нешто како да излегувате на пијалок или на забава, и да одите само со колега или колеги. Сите се поканети! Значи нема непријатни моменти кога некои луѓе подоцна сфаќаат дека не биле повикани. Кога сите се повикани тоа не учи да бидеме толерантни кон оние што се поразлични од нас.

Јапонците знаат да слушаат.

Јапонците секогаш ќе ви дадат шанса први да го искажете своето мислење. Тие знаат да слушаат! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој прв ќе каже нешто. На овој начин, стануваме потолерантни и помалку ги осудуваме различните ставови и мислења. Без оглед на темата, јапонците сакаат да разговараат мирно, а не да се расправаат и да ги наметнуваат своите гледишта едни на други.

Јапонците не се националисти.

Сите ние (повеќе или помалку) ја сакаме земјата од која живееме. Но, безнадежно е да  докажете на странците дека вашата земја е најубава и најдобра во светот. Впрочем, не постои “најдоброто нешто на светот”.

“Ганбару” – направете најдобро што можете.

Не постои соодветен превод за Ganbar. Имено, многумина се откажуваат од нешто кога учат дека тоа бара повеќе време, пари и енергија отколку што планирале. Во Јапонија се очекува дека секое нешто што сте го започнале – ќе го завршите (до крај).

Ветувањето треба да се исполни.

Во Јапонија, кога некој ви ветува нешто, тој навистина тоа и го мисли. И тоа не заборава, без разлика на било што. Тие ќе дојдат ако ви рекле така, дури и кога надвор врне дожд. Ако случајно не можат да дојдат, веднаш ќе ви се јават да се извинат, или ќе испратат некого наместо нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This