ВАЖНО:Подготовка на велосипедот за новата сезона во десет чекори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велосипедот треба уште сега да се подготви за новата сезона, затоа што подоцна сите ќе сакаат на сервис.


Пролетта е пред врата. Сонцето не „гризе“, време е велосипедот да се врати во форма. Но, неговата состојба прво треба да се подготви за новата сезона, што на многумина им е мачна работа. Тоа не важи за вистинските љубители. За нив, чистењето на велосипедот е задоволство и оди лесно. Со овие десет чекори, пролетната подготовка е комплетна.


Лоша идеја е велосипедот да се извади од подрум во пет до дванаесет. Важно е велосипедот да се провери навреме, за да остане време за непредвидените поправки. Дуќаните исто така треба да се отворени, доколку треба да се набави некој резервен дел, масло или средство за чистење. Во случај кога поправката трае подолго, треба да се договори и термин во сервис. Но, на почетокот на сезоната сите сакаат да го однесат велосипедот во сервис, па затоа и треба долго да се чека.
Чистењето на велосипедот е валкана работа. Прстите и дланките не мора прво да се извалкаат, па да се чистат со агресивни детергенти. Доволно е да се навлечат нараквици за еднократна употреба или евтини нараквици за домаќинство. За облеката да се заштити од нечистотии, масла и масти, не е на одмет да се облече и работна кецела.


Грубите валканици најдобро се отстрануваат со четка, а за потешко достапните места ќе послужи и стара четка за заби или четка за боење. Во специјализираните дуќани може да се најде и комплет со четири четки: За рамката, за синџирот, за оските и универзална. Велосипедот потоа се чисти со млака вода и отпорна крпа. Дуќаните денес нудат специјални средства коишто се биолошки разградливи – тоа е веќе избор по лично убедување. Познавачите строго избегнуваат чистење со млаз под висок притисок. Постои опасност млазот да ги втисне нечистотијата и водата во лежиштата, што потоа ќе доведе до нивно оштетување. Чистењето сепак е дозволено доколку силината на млазот се регулира.


Синџирот се чисти наједноставно кога ќе се провлече низ сува крпа. За погруби нечистотии постои специјална четка за синџир, со најлонски влакна кои се распоредени на тој начин што е полесно чистењето на синџирот, на задните и предните запченици. Дуќаните и за овој случај нудат сет од средство за чистење и специјална четка, со којашто средството се нанесува директно во тесните меѓупростори. Основниот слој маст не се отстранува на овој начин. По чистењето следи подмачкување. По толку мака, не треба да се избере што било. Најдобро е околу изборот да се посоветувате во дуќан. Околу 100 милилитри квалитетно средство за подмачкување чинат околу 8 евра. Вишокот маст треба да се отстрани, затоа што е магнет за нечистотијата.

Не се случило еднаш, продупчена гума да ја уништи турата. За тоа да се спречи, потребна е редовна проверка. Треба да се провери дали страните на гумите станале крти и покажуваат пукнатини и дали има оштетувања од скршено стакло, клинци или трње. Добро е при оваа пригода да се провери и состојбата на бандажите и жиците. Кој сака да вози на сигурна карта, добар избор се Schwalbe Marathon Plus, по цена од околу 40 евра за парче.


Полесно се вози кога е правилен притисокот во гумите – и помала е шансата за продупчување. На класичната проверка со палец не треба да се верува премногу, подобро е притисокот да се измери. За тоа е добар прецизен мерач на притисок (околу 20 евра) или ножна пумпа со манометар (поквалитетните чинат околу 60 евра). Минималниот и максималниот притисок на воздух се наведени странично на гумите.
Истрошените сопирачки облоги треба да се заменат навреме. Кај механичките обрачни сопирачки постојат жлебови во облогите коишто ја покажуваат истрошеноста. Доколку нема жлебови, облогите се за менување. Недвојбен знак за истрошеност е чкрипењето. Диск-сопирачките денес се чести. Специјални средства за чистење сопирачки (реалната цена е околу 9 евра за 300 милилитри) ги отстрануваат струганиците од сопирање, како и остатоците од масло и маст. При сомнежи околу работата на сопирачките, во сервисот ќе знаат најдобро.

За сите хидраулични сопирачки е потребно редовно одржување, а тоа значи и редовна проверка во сервис.
Светлата не служат само за велосипедистите да гледаат подобро пред себе, туку многу повеќе за да бидат забележани од останатите велосипедисти, пешаците и возачите. Затоа, доброто светло не е тема за вистинските велосипедисти. Доколку светлото не работи, не треба да се заборави и проверка на каблите и контактите. Откако постојат диодните светилки, прегорувањето на „сијалицата“ е историја. Современите и солидни диодни светла траат подолго од велосипедот, но затоа и чинат околу 100 евра.


Пред завршетокот на подготовката треба да се проверат уште завртките и навртките на сите важни делови, како на носачот на воланот, на самиот волан, на педалите и на запчениците. За тоа е доволна мулти-алатка (обично околу 25 евра), со којашто брзо ќе се стегнат сите споеви. Но, внимателно при стегањето, затоа што постои опасност од оштетување. Во упатството за велосипедите од поквалитетните марки обично се наведува правилниот вртежен момент на затегнување.


На самиот крај следи полирање. Секако дека целта не е велосипедот да свети, туку повеќе е за заштита. Исполираните површини се заштитуваат од УВ-зраците, тенкиот слој од политурата служи како конзервација. Половина литар специјална течност за полирање треба да чини околу 20 евра. Останува уште велосипедот да се избрише со крпа со микровлакна, којашто не остава траги и ја собира преостанатата влажност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This