ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД УЈП: Граѓаните имаат уште два дена за потврда или коpекција на годишната даночна пријaва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или корегирање на годишните даночни пријави во УЈП!

По истекот на законскиот рок (01.06.2020), годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријавата – потврдена или корегирана.

На 1 јуни службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту корегирани.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава, ќе се донесе решение за утврдување на данок на личен доход за 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This