April 25, 2024, 12:06 am

ВАЖНО КУПИЈА ХЕЛИКОПТЕРИ: Истовремено возниот парк на Итнa meдицинска пomош ckaпува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонска заедница во Малта реагира за најавената набавка на два спасувачки хеликоптера за 72 милиони евра додека пропаѓа возниот парк на Итна медицинска помош.

Возниот парк на Итната медицинска помош скапува среде Скопје . Додека се прават договори за два нови хеликоптери, кои ќе чинат 72 милиони евра, и тоа под сомнителни околности, здравството во Македонија тоне секојдневно, за што сведочат објавените слики. Хаварисаните возила кои се оставени на милост и немилост на природата во Поликлиниката Букурешт во Скопје можат да послужат за дел од фото прилогот за лошото македонско здравство. Покрај тоа што ова е грда слика за самата болница истовремено е и шокантен фактот кој и како управува со државниот имот.

Почитуван Министре Венко Филипче и г-дине Деаги Рашковски дали некој од вас има увид или можеби знае што се случува во здраството ? Имате ли увид како тоа овие возила кои пред неколку години беа купени пропаѓаат вака? Понесе ли некој одговорност за уништување на државниот имот ? До кога ќе се уништува се што е купено со парите на граѓаните а притоа никој не сноси никаква одговорност. Напротив, се набавува нешто што нема оправданост и неопходност во моментов и тоа на терет на граѓаните.

Срамно и трагично е ова што се случува. Тие 72 милиони евра можеби би било подобро да се искористат за обновување на некоја болница или за помош на оние кои секојдневно чекаат одлука на ФЗО за лекување во странство.

Почитувани, расипништвото на државен имот и пари на граѓаните мора да запре. Бараме и сакаме европски здравствен систем. Македонија треба да има квалитетен и современ здравствен систем кој ќе им нуди подобри услови и услуги на граѓаните“, реагираат на Фејсбук од Македонска заедница на Малта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This