ВАЖНО СООПШТЕНИЕ НА ЈСП ЗА УТРЕ: Превозот бесплатен, но автобусите по изменети траси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре, вторник (7.05.2019 година), за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен peжим на сообраќање на возилата од јавниот превоз во период од 5 до 19 часот.

Поголем дел од линиите ќе имаат изменет peжим на сообраќање, ќе возат по изменети траси од вообичаените, а линиите 3, 3Б, 4А, 25 и 35 воопшто нема да сообраќаат.

Нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Линија 41А ќе сообраќа како линија 41.

Линиите 13 и 42 ќе сообраќаат од/до автобазата во Автокоманда во услови кога затвopен за сообраќај ќе биде булевар „Александар Македонски“.

Линија 33 ќе има скратена траса од вообичаената, односно ќе сообраќа од/до Транспортен центар.

ЛИНИИТЕ 31, 41, 51, 51А, 70, 67, 74 ќе возат вообичаено по своите редовни траси.

ЛИНИИТЕ 11, 11А, 18, 118, 32, 56, 56Б, 60 ќе возат по вообичаените траси во услови кога прооден за сообраќај ќе биде мост Гоце Делчев.

Режим на движење при затвopен булевар „Александар Македонски“

ЛИНИЈА 2

*Почетна постојка Кружен тек Железара, Чаир, до Детелинката на Бит пазар кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) по булевар „8 Септември“ (Александар палас) на булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по траса.

*Од Сарај од булевар „Партизански Одреди“, по булевар „8 Септември“ (Александар палас), па кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) и на Детелинката на Бит пазар оди кон Чаир и кон Железара до Кружниот тек

*Доколку е слободен булевар „Александар Македонски“, булевар „К.П.Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“ кон булевар „Партизански Одреди“ или/и булевар „Илинденска“, (улица „Рузвелтова“) и продолжува по траса

ЛИНИЈА 16

*Доколку е прооден булевар „.К.П.Мисирков“, од Железара, преку Чаир, Битпазар, Југодрво („Кочо Рацин“) и Пржино

*Доколку е слободен булевар „Александар Македонски“ и булевар „К.П.Мисирков“, од Бит пазар кон Југодрво и кон подвозникот по траса и за враќање по истата траса

*Доколку е затвopен и булевар „К.П.Мисирков“, чека на терминали

ЛИНИЈА 23

*Од Ченто до Југодрво ќе сообраќа по своја траса, потоа лево кон Билна аптека, па лево од Тутунски комбинат кон Транспортен центар, крајна/почетна станица пред Бензиска пумпа „Макпетрол“

*Од Бензиска пумпа „Макпетрол“, под Железничка станица кон Тутунски комбинат, КЈУБИ, Олимписки базен (булевар „Кочо Рацин“) и по трасата кон булевар „Јане Сандански“ кон својата траса до Ченто

ЛИНИЈА 50

*Цел ден до Транспортен центар

*од Хиподром лево кон улица „Перо Наков“ (МЗТ), булевар „Србија“, и десно кај Рударски институт по булевар „Јане Сандански“, потоа кон Југодрво (булевар „Кочо Рацин“), потоа лево кон Билна аптека, па лево од Тутунски комбинат кон Транспортен центар

*Обратно од Транспортен центар, Тутунски комбинат, КЈУБИ, Олимписки базен (булевар „Кочо Рацин“) и по трасата кон булевар „Јане Сандански“ од каде што ќе доаѓа

*Кога е слободен булевар „Александар Македонски“ и „К.П.Мисирков“, после црква „Богородица“ кон Транспортен центар и за враќање по истата траса

ЛИНИИ 43, 45, 65, 65В, 55

*Во правец према Транспортен центар по своја траса до „Агросервис“, преку надвозникот, лево кон Маџари (улица „Благоја Стефковски“), десно на Термо, улица „Перо Наков“ (МЗТ), лево по булевар „Србија“ и десно кај Рударски институт по булевар „Јане Сандански“

*Од Транспортен центар кон своите траси ќе се движат по булевар „Јане Сандански“, лево кај Рударски институт по булевар „Србија“, улица „Перо Наков“ (МЗТ), Маџари (улица „Благоја Стефковски“) кон надвозникот према Ченто и потоа кон своите траси

*Кога е слободен булевар „Александар Македонски“ и „К.П.Мисирков“, после црква „Богородица“ кон Транспортен центар и за враќање по истата траса

ЛИНИИ 44 до Транспортен центар, 52, 53, 54, 62, 63, 63А, 66, 66А, 68

*Од Маџари (Термо) лево кон улица „Перо Наков“ (МЗТ), булевар „Србија“, после мостот десно кон Спортска сала, Мајчин дом десно кон булевар „Јане Сандански“ до Транспортен центар

*Од Транспортен центар кон своите траси ќе се движат по булевар „Јане Сандански“, лево кај Мајчин дом, кон Спортската сала, десно кон мостот, по булевар „Србија“, десно кон улица „Перо Наков“ (МЗТ) до Маџари (улица „Благоја Стефковски“), потоа десно кон своите траси

*Доколку е прооден булевар „Алекдсандар Македонски“ и „К.П.Мисирков“, после црква „Пресвета Богородица“, кон Транспортен центар и за враќање по истата траса

Режим на движење при затвopен булевар „К.П. Мисирков“ (Бит пазар):

ЛИНИЈА 8

*До Детелинката пред Бит пазар, потоа десно кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) по булевар „8 Септември“ (Александар палас) кај МИДА десно кон булевар „Илинден“ и по своја траса

*Во обратен правец по истата траса, од булевар „Илинден“, лево по булевар „8 Септември“ (Александар палас), десно по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), на детелника на Бит пазар оди кон улица „Цветан Димов“ (Јаја паша) и по своја траса

*Доколку е слободен булевар „К.П.Мисирков“ и мост „Гоце Делчев“ по траса

ЛИНИЈА 9

*Од Скопје Север до Детелниката кај Бит пазар и назад од Детелниката кон Скопје Север

*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ по траса до Југодрво, лево кон Билна аптека, па лево од Тутунски комбинат кон Транспортен центар

*Кон Скопје Север, од Транспортен центар, до Тутунски комбинат, десно КЈУБИ, продолжува кон Југодрво и по траса

ЛИНИИ 19, 26, 59

*До Детелинката пред Бит пазар, потоа десно кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) по булевар „8 Септември“ (Александар палас), на булевар „Партизански Одреди“ и по траса

*Во обратен правец по истата траса, од булевар „Илинден“ лево по булевар „8 Септември“ (Александар палас), десно по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), на Детелинката на Битпазар оди кон улица „Цветан Димов“ (Јаја паша) и по своја траса

*Доколку е слободен булевар „К.П.Мисирков“ и мост „Гоце Делчев“, потоа по булевар „Илинден“, лево улица „Рузвелтова“, кон булевар „Партизански Одреди“ и по траса

*Линија 26 кон Железара од булевар „Партизански одреди“ кон мост Гоце Делчев, кон Бит пазаар, Јајаа паша и по своја траса, во обратна насока по истата траса

ЛИНИЈА 20

*Оди до Бит пазар до Детелинката-надвозникот и назад кон Шуто Оризари

*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ до Транспортен центар нормално по траса

ЛИНИИ 18А, 47, 47А, 61, 71, 81

*До Детелниката кај Бит пазар и назад од Детелниката кој Јаја паша, па продолжуваат по своите траси

*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ во двата правци сообраќа по редовната траса

ЛИНИЈА 57

*Кон Козле до Детелинката пред Бит пазар, потоа десно кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), по булевар „8 Септември“ (Александар палас), право до улица „Козле“ (Угостителско), потоа десно по траса

*Кон Козле доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ и мост Гоце Делчев, кон булевар „Партизански Одреди“ (или булевар „Илинденска“), лево по улица „Рузвелтова“, после Министерство за економија, десно по улица „Козле“ по траса

*Во обратна насока, по истата траса кон Радишани

ЛИНИЈА 12

*Од Сарај, ако е затвopен булевар „К.П.Мисирков“, од булевар „Партизански Одреди“, по булевар „8 Септември“ (Александар палас), па кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) и на Детелинката на Бит пазар се враќаат назад кон Шишево

*Од Сарај, доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“, од булевар „Партизански Одреди“, по улица „Рузвелтова“, булевар „Илинден“, мост Гоце Делчев и по траса и за враќање по истата траса

ЛИНИЈА 17

*Доколку е затвopен булевар „К.П.Мисирков“, до и од Транспортен Центар

*Кога булевар „К.П.Мисирков“ е прооден, после Комплекс банки, десно кон Бит пазар и по своја траса

*Во обратна насока од Бит пазар кон Веро Џамбо и по своја траса

ЛИНИИ 7, 15 И 15А

*Према Карпош, од комплекс банки, према МАНУ, кон мост Гоце Делчев, кон булевар „Партизански одреди“, па по вообичаената траса

ЛИНИЈА 5

*кон Ѓорче Петров, од комплекс банки, према МАНУ, кон мост Гоце Делчев, кон булевар „Партизански одреди“, лево по улица „Рузвелтова“, кај Треска десно на булевар „Теодосиј Гологанов“, па по вообичаената траса

*за враќање од Ѓорче Петров, од булевар „Теодосиј Гологанов“, лево улица „Рузвелтова“, булевар „Партизански одреди“, кон мост Гоце Делчев, Судска палата, кон Транспортен центар, па по вообичаената траса

ЛИНИЈА 27 -ќе се сообраќа само до Транспортен центар, почетна/крајна Транспортен центар

ЛИНИИ 21, 21А, 21Б, 22 и 22А (како 22)

*Од Транспортен центар, од комплекс банки кон МАНУ, кон мост Гоце Делчев, па кон булевар „Партизански Одреди“, па по вообичаената траса

*Кон Транспортен центар од булевар „Партизански Одреди“, кон мост Гоце Делчев, Судска палата кон Транспортен центар

ЛИНИЈА 24

*Од Тафталиџе, од булевар „Партизански одреди“ кон мост Гоце Делчев, па Судска палата кон булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), кон подвозник, па по вообичаената траса

*Од Кисела Вода према Карпош, после подвозникот, кон булевар „Кочо Рацин“ (Олимписки базен) кон МАНУ, лево по мост Гоце Делчев (булевар „Гоце Делчев“), кон булевар „Партизански Одреди“ и по траса

ЛИНИЈА 4

*кон Хром, Од КЈУБИ десно по булевар „Кочо Рацин“ (Олимписки Базен) кон МАНУ, па мост Гоце Делчев (булевар „Гоце Делчев“) кон булевар „Партизански Одреди“ и по траса

*кон 11 Октомври, од булевар „Партизански Одреди“ кон мост Гоце Делчев, Судска Палата, булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), лево Билна Аптека и по траса

Линија 73

*Доколку не е проодна раскрсницата кај Бит пазар, од Усје по вообичаената траса до Југодрво, потоа десно кон Веро Џамбо, левво кон мостот на улица „Беласица“ до Скопски саем, во обратна насока по истата траса

На веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This