ВАЖНО ЌЕРКАТА НА ДИМИТРОВ ДОБИ СТИПЕНДИЈА: Учениците школската година ја започнаа со парталави учебници, без работни тетратки…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парталави учебници, без корици, работни тетратки пополнети од претходната генерација, некаде нема ниту стари. Вака ја почнаа децата во основно и во средно училиште новата учебна година. Благо разочарани ученици, а многу изнервирани родители е впечатокот што се добива од првите неколку дена од новата учебна година, пренесува порталот Факултети.

Како топло лепче се чекаат новите учебници по 22 предмети што Министерството за образование ги најавува за оваа учебна година. Засега, децата ќе мора да учат од стари, парталави и делумно пополнети учебници. Но, во некои училишта вчера стигнаа и сосема нови учебници.

Наставниците и училиштата ја смируваат топката со тоа дека децата ќе добијат учебници, дека треба да се стрпат, само никој не знае кога ќе се случи тоа и дали ќе бидат заменети сите учебници што поскоро треба да одат во канта за рециклирање отколку во ученичките ранци.

– Ќерка ми си дојде со учебници за 80 отсто од предметите што ги изучуваат. Од нив речиси секој учебник е парталав, испокинат, пополнет. Детето целосно ми се разочара. Најдобро е да се врати стариот начин на снабдување на учебници, да си ги купуваат родителите, а државата ако сака да субвенционира, нека повели. Ова не личи на ништо. Им ја уништивме радоста на децата на почетокот на новата учебна година – вели мајка на девојче што учи во скопско училиште.

Од Министерството за образование и наука објаснуваат дека секое училиште си има своја комисија што го проверува квалитетот на учебниците на крајот на секоја школска година.

– Таа комисија треба да направи процена во каква состојба децата ги враќаат учебниците. Доколку комисијата процени дека учебниците се многу оштетени, треба да му одреди на родителот колку да плати надоместок, кој вообичаено е 80 отсто од вредноста на учебникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This