ВАКА НЕ ЈА БИВА РАБОТАТА, И НЕМА ДА ЈА БИДЕ: Професорката Астеруд најави битка против сопартијците – нема простување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И ќе се борам против овој грозен, силеџиски, неуставен, противрамковен, неправеден и опасно дестабилизирачки упад, ништо поразличен од оние што ги видовме изминатата деценија. Како на тие, така и на овој мора да му се пружи сериозен отпор! Доста беше набедување, узурпирање и уценување на Македонците, доста беше узурпирање и погазување на Рамковен и на Уставот, мора на сето тоа да се стави крај! Ова вако што се тера нема врска ниту со права, ниту е во прилог на конструктивен и искрен меѓуетнички соживот, напротив! Вака не ја бива работата, и нема да ја биде!

Нема простување, многу добро знаат што прават, вели професорката од Правниот факултет Каролина Ристова-Асеруд во коментар на вчерашното изгласување на Законот за употребата на јазиците во Собранието на Република Македонија.

Астеруд ја повикува опозицијата да не калкулира, туку да застане „во одбрана на Уставот и автентичните уставни права на граѓанството кое го преставува, па и по етничка основа, па и по основа на етничките колективни права на истото, па и по основа на партија- потписник на Рамковниот“.

Рамковниот и Уставот се целосно поништени со ЗУЈ 2018. Ако и Уставниот суд не се покаже на висината на задачата, тогаш целосно доаѓаме во ситуацијата на незаконско право, за кое лекот е само активирање на надзаконското право. ЗУЈ 2018 мора да биде бојкотиран и со организирање на огромен отпор, децидна е професорката од Правниот факултет.

„Она што е исто целосно заокружено и комплетно јасно е и следното, пишува Астеруд, е дека „целосно се руинирани, речиси непостоечки, сите механизми за заштита од тиранија на (етничкото) малцинство, а ефективно во прилог на колективните права на мнозинската етничка заедница, Македонците“.

„И, секако, заради набедената и упорно негувана културна парадигма, море и парадигма на колективната македонска психологија од 2001 наваму, дека се што ќе се побунат Македонците е национализам или национал-шовинизам, а се што ќе посакаат Албанците скраја да е од истите побуди и феномени, туку тоа небаре по аксиом е “борба за права”, “борба за рамноправност” , и тоа ем по колективна логика, ама и ем без пропорционалност, замисли тоа, туку баш како поништувачка , секако на штета на Македонците како мнозинска заедница , пред се, но и на сите други помали етнички заедници. Во истата таа пострамковна Македонија, по (не)реакциите меѓу Албанците за сите небулози во законот, дури и оние што врска немаат со јазичната проблематика, туку со некои други , уште побитни правни концепти, права и слободи, конечно стана јасно дека ДУИ всушност и Е соодветното и автентичното политичко преставништво на албанскиот национализам и национал-шовинизам како доминантен во заедницата, која не признава ниедно друго мнозинство, освен албанското, ама баш никаде каде има и Албанци“, потенцира Ристова-Астеруд.

 

Нема простување, многу добро знаат што прават! И нема бегање веќе! Рамковниот и Уставот се целосно поништени со ЗУЈ…

Posted by Karolina Ristova-Aasterud on Wednesday, March 14, 2018

Неуставно силување – ЗУЈ ќе го осетиме на гола кожа, и тоа многу болно
ДУИ всушност и е соодветното и автентичното политичко преставништво на албанскиот национализам и национал-шовинизам како доминантен во заедницата, која не признава ниедно друго мнозинство, освен албанското, ама баш никаде каде има и Албанци. И, бидејќи во Македонија етничките Македонци се значителното мнозинство, тие се решени да одат на тотално негирање на тој факт (настрана историјата како, зошто и заради кого е настаната македонската држава), и со инсистирање на воведување тиранија на малцинството – политичка и правна, збиберено и со бајаги безобзирно финансиско прелевање и угнетување, што ќе рече, изживување врз другите со нивни пари, смета Астеруд. Сите феномени досега беа во прилог на тоа, а со ЗУЈ 2018 сето тоа кумулираше и целосно се разголи.

„Се разголи, ама ептен! Секогаш ќе најдеш критична маса Македонци кои реагираат на било која реална или перцепирана повреда на колективните етнички права на Албанците, умерено и соодветно, па неретко и со надувана надкомпензација – ама баш секогаш! Она што сега го гледаме, ама баш целосно „рацветано“ и „соголено“ е дека на прсти на една рака се бројат Албанците кои истото го прават во спротивната ситуација. Мнозинството од нив ама баш ги заболе за рамковните и уставните права на Македонците, они речиси сите си тераат “каузата “ ( секако , само они имаат право на тоа , ами како), да не се лажеме ама ич! И по тоа се гледаат многу , многу лоши намери! Со посебна сласт се исцртува ситење на сите оние замислени ситуации, по умот на овој закон, тотално спротивно од Рамковен и Уставот, кога Македонците би требало да комуницираат со преставници на државата од албанска припадност на македонски јазик, но преку преведувач, и сето тоа, на нивна сметка, не на сметка на таквиот државен преставник, тој не ни може тоа да го плати како дел од албанскиот колективит, ниту го плаќа со својот удел во јавните давачки, настрана ако почне да се засметува и преваленцијата во даночната евазија, ноторното неиздавање фискални во своите „екстериторијални“ пашалаци, и сл. Така да, нема бегање, од македонската сиромаштија ќе има бајаги префрлање пари на контото на ваквите јазични егзибиции на Албанците, кои апсолутно немаат импут тоа самите да си ги финансираат. За другите квалитативни штети, особено во делот на правниот јазик, ефектот што тоа ќе го има врз другите права и слободи, ич муабет да не правиме. Меѓуетничка недоверба, нетрпеливост, презир и омраза? Ооооо, допрва ќе гледате раст на тоа, какви досега не сме виделе! Па веќе има огромен револт, чувство на онеправданост и неуставно силување, сосе од многумина кои воопшто немале ниту актуелно имаат нешто против Рамковниот и уставните решенија како што се, а тука се вбројувам и себеси.“

Најискрено, јас веќе не си умислувам дека ѝ мислат добро на земјата, уште помалку на етничкиот колективитет на кој јас припаѓам. И нема да го заборавам ниту молчењето и одобрувањето на Албанците за сето ова што и како се прави, а ги бришам и сите други што одобруваат, најчесто по основ на партиски интереси, или заради политичка омраза кон опозицијата.

„На сите тие што го потценуваат квалитативното влијание на овој закон во крајно негативен правец, пак ќе им повторам: треба да си или да глумиш тежок глупак за да не видиш дека тиранијата на малцинството е уште поразорна од тиранијата на мнозинството, по својот обем, баш оти е врз мнозинството, дотолку повеќе кога е комбинирана со сериозни дози на национализам и национал-шовинизам, за кои некои, гледам, упорно спинуваат слепило. Сето тоа збиберено со серија колективни комплекси или фрустрации, оправдани или не, па те вгнездени инфериорности, те извештачени супериорности без покритие. И она што сите го забораваат и потценуваат, сето ова во растечки нов контекст на гледање на Македонците и на сите други во регионот низ една увезена и растечка , нагласено антиевропска и антизападна, религозно-идеолошка призма, која, нели, „не смее да се именува“, онаа де, што испрати не баш занемарлив број на Албанци од земјата и од регионот во ИСИС, онаа за ширење и супрематија на исламистичката теократија, за што сите засега уредно се прават на Тошо. Но, се ќе ви се каже и покаже самото, независно колку и да се глумата себепроекција „како јас би го применувал законот да сум на нивно место„. Па малце ли е да ве разубеди како и со каква содржина се носи? Ма малце ли ви е горенаведената емпирија од речиси две децении, за која веќе никој не може да глуми неинформираност , оти ептен ја симна маската? (онаа првата, таа другата допрва ќе ја биде)“.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This