ВАКА СЕ ПРАВИ: Во Австрија само со маска во продавница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австријците ќе мора да носат заштитна маска кога одат да пазаруваат, објави владата.

Сите ланци на супермаркети ќе добијат маски и секој купувач ќе добие една при влегување.

„Носење маска ќе биде задолжително во ситуации кога има близок контакт меѓу луѓе. Маските не се дел од нашата култура и ќе мора да се прилагодиме на тоа, но неопходно е да го преземеме овој чекор за да се спречи натамошно ширење на коронавирусот“, изјави канцеларот Себастијан Курц.

Во Австрија моментално има над 9.000 заразени, како и повеќе од 100 починати.

Австрија е меѓу земјите кои најрано презедоа строги мерки против ширењето на коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This