ВАКА СЕ РЕАГИРА ВО НОРМАЛНА ДРЖАВА:Разрешен советникот за медиуми на Пленковиќ поради несоодветен коментар на Твитер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крешимир Мацан, хрватски експерт за односи со медиуми и политички комуникации, повеќе не е посебен советник на премиерот Андреј Пленковиќ за стратешко комуницирање, соопшти хрватската влада.

Во краткото владино соопштение се наведува дека Мацан, на лично барање, е разрешен со одлука на премиерот Пленковиќ. Мацан се најде на удар на јавноста по неговиот коментар објавен на Твитер, во кој негативно се изразил за присуството на пејачот на проусташки песни, Марко Перковиќ Томпсон, на пречекот на хрватските фудбалери во Загреб.

Мацан всушност реагирал на објавата на новинарот Тончи Перцан, кој на Твитер напишал дека недостиг на државниот врв, а присуство на Томпсон на пречекот, мириса на мек усташки државен удар. Мацан на тој коментар прокоментирал: „Кој не успеа…“.

Советникот за медиуми на Пленковиќ, подоцна се обидел да се одбрани од лавината напади, наведувајќи дека тој не ги повикал ниту селекторот ниту играчите на хрватската репрезентација, поради било што во врска со пречекот, но, како што пренесуваат хрватските медиуми, тоа не му помогнало.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This