ВАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА: Овие три прекрасни дечиња ги стоплија срцата на сите вистински Македонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По завршувањето на вечерашниот протест организиран од движењето #Бојкотирам пред Собранието на Република Македонија на социјалните мрежи беше објавена фотографија која ги стопли срцата на сите вистински патриоти што од сè срце ја сакаат Македонија.

Во еден од коментарите на сликата, коментира најверојатно нивниот чичко кој напиша: „Мои души се стално прашуваа и велеја Стрико кога ќе ја браниме Македонија? Не можеме да спиеме за да не се разбудиме мртви без војна. Сакаме да протестираме и светот да не види и од нас ќе се исплашат сите. Ние сме силата, од нас зависи сè. Срце ми е полно што много мали сакаа на студот да бидат со сите вистински Македонци“

Редакцијата на Јавно.мк успеа да дојде до уште една фотографија од овие прекрасни мали дечиња кои и покрај неповолните временски услови излегоа да протестираат пред Собрание, со што покажаа дека дека љубовта кон Македонија е преголема, а тие од мали нозе се задоени со вистински патриотизам.

Браво дечиња, Македонија се горде со Вас!

„Ќе пораснат, ќе потераат“, „За нив е оваа борба, да живее Македонија!“, „По раст мали но срце како планина“, „Господ здравје да им дава и долг живот.. ѕвончиња..“, „Поубаво нешто оддамна немам видено“, „Големи ќе бидат ќе ја сакаат Македонија“ „(Уште се мали, но ја сакаат Македонија повеќе од сè)“… ова се само дел од коментарите под фотографиите на овие дечиња објавени на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This