ВАКОВ ЧОВЕК ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА НАЈУРБАНАТА ОПШТИНА?: Саша Богдановиќ и неговото насилничко минато не се достојни за центарци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден повреден полицаец и тројца навивачи. Ваков беше епилогот од наптреварот на КК „Работнички“ против МЗТ пред три години, кога сегашниот кандидат за градоначалник на општина Центар, организираше навивачка група со цел растурање на градското дерби и предизвикување на општа тензија кај граѓаните

Локалните избори во општина Центар се битка за лицето на главниот град. Таму се соочуваат двајца кандидати од кој еден е истакнат спортски работни, семеен човек и докажан спортист. Другиот пак, кандидатот на СДС е истакнат деликвент и насилник, кој целата своја „кариера“ во политиката ја има стекнато потпирајќи се на хулиганизмот на неговата мала група провокатори и насилници кои се претставуваат како „навивачи“ на „Работнички“.

Пред три години, во екот на политичката криза Саша Богдановиќ заедно со неговата група се обиде да предизвика општа паника и тензија кај граѓаните, преку напад на полицијата која тогаш возврати согласно условите, за подоцна да се обидат да се прикажат како жртви.

Денес, Саша, заедно со истите луѓе со кои тогаш предизвикуваше нереди, се вклучува во кампањата на неговите колеги и предизвикува нереди и во општините каде што е повеќе од сигурно дека ќе загубат.

Саша Богдановиќ како директор на ПОЦ се однесува како директор на приватна фирма. Тој преку партиски вработувања на разни деликвенти и насилници создава криминална структура околу себе која служи за заплашување на своите политички неистомисленици. Овие деликвенти сега на терен делуваат за правње проблеми во општините каде што е повеќе од сигурно дека СДСМ ќе ги загуби изборите.

Богдановиќ во изминатиот период вработи деликвенти од Аеродром и Карпош кои ги насочува да делуваат против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, поточно градоначалникот Ивица Коневски и Стевче Јакимовски

Деликвентите на Богдановиќ платени од државни пари, пари на граѓаните своевремено како и тој самиот добија прекршочна пријава за спречување на полицијата во извршување на службена должност за време на дербито помеѓу Работнички и МЗТ. По нарачка на Богдановиќ беше и демолиран храмот на македонската кошарка, односно салата во градскиот парк и беше причинета штета од 10 илјади евра.

Прашањето сега останува колку милиони евра ја чинеше државата директорувањето на Саша Богдановиќ? Ако досега знаеме дека тој лично префрлил 530 илјади евра пари на граѓаните на приватна фирма без постапка на јавен оглас? Демолира јавен имот и иницира пресметки на своите партиски војници со своите политички неистомислениц. Партиските војници пак на Богдановиќ земаат плата од џебот на граѓаните како вработени во ПОЦ, а воопшто не доаѓаат на работа туку само служат за извршување на прљавите задачи од Богдановиќ.

Ако знаеме дека овој човек делува вака криминогено од позицијата на директор на ПОЦ можеме само да замислиме како ќе делува од позицијата градоначалник на општина Центар.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This