March 28, 2024, 12:30 pm

Вакцина за сите, или не чека катастpoфа: Гејтс за двете можни сценарија за борба против пандемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ефикасна и безбедна вакцина против вирусот корона ќе биде достапна следната година. И ќе има повеќе. Благодарност за научниот успех, светот конечно ќе има шанса да ја избрише заканата од пандемијатани да се врати нормалниот живот, наведува Бил Гејтс, додавајќи дека вакцината мора да биде достапна за сите, или не очекува катастрофа.

Кога ќе биде спроведена вакцината, владите ширум светот ќе можат да ги укинат мерките , луѓето нема повеќе да носат маски и светската економија повторно ќе може да се покрене, напиша Гејтс во авторски текст во италијанскиот весник
„Коријере дела сера“.

Гејтс, чиј фонд е оснивач на организацијата ГАВИ и ЦЕПИ, кои заедно со СЗО управуваат со COVAX-от, со задача за соработка во развојот на вакцината, наведува дека болеста нема да се уништи веднаш.

„За да го постигнеме тоа, потребни се капацитети за производство на милијарди дози на вакцината, да најдеме пари за тоа и да ја направиме најдобрата стратегија за нејзина дистрибуција“ наведува Гејтс.

Тој објаснува дека моментално најголемиот дел од вакцините кои се во развој се наменети за најбогатите земји, кои имаат веќе и потпишано договори со големите фармацевтски компании и веќе имаат резервирано.

Гејтс се прашува што ќе биде со останатите земји, посебно со оние сиромашните и наведува дека тие ќе можат да вакцинираат само 14 % од населението.

„Научниците размислувале за тоа што ќе се случи ако дистрибуцијата на вакцината не биде рамноправна и ако дојде до две сценарија. Во првото, вакцината ќе се дистрибуира во државите на основа на бројот на жители. Другото сценарио е слично на она што моментално се случува, а тое дека овие 50 држави кои се најбогати први ќе ги добијат двете милијарди дози. Според другото сценарио, вирусот неконтролирано ќе се шири уште 4 месеци после тоа, на три четвртини од планетата. Поради тоа бројот на жртвите ќе биде двојно зголемен, наведува Гејтс и додава дека тоа би била морална катастрофа.

„Единствен начин да с е елиминира вирусот, е да го елиминираме на целата планета.Не сакаме да го впериме прстот во богатите земји, тие сакаат да си го заѓтитат населението но мора цела планета да биде заштитена. Ако останат не вакцинирани земји тоа може да доведе до ново букнување дури и во земјите кои имаат вакцина. Вакцина за сите е единствената заштита“пишува Гејтс.

Гејтс воедно пишува дека веќе 16 фармацевтски компании имаат договр со неговата фондација, како би соработувале во производството на вакцината, но и можноста таа да биде правично дистрибуирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This