Вакцините Астра Зенека од системот Ковакс утре пристигнуваат во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот контингент вакцини произведени од Астра Зенек ќе пристигне во Србија утре преку механизмот Ковакс, соопшти Министерството за европска интеграција.

Авионот, кој ќе ги доставува вакцините, ќе слета на аеродромот „Никола Тесла“ околу 20 часот, а истиот ќе го пречека министерката за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

На приемот ќе присуствуваат и шефот на политичкиот сектор на Делегацијата на Европската унија во Србија, Дирк Лоренц, заменик директорот на Светската здравствена организација, д-р Менгисту Абебауех Асеф и директорот на УНИЦЕФ во Србија, Дејан Костадинов.

Директорот на канцеларијата на СЗО во Србија, Марјан Ивануша, претходно изјави дека се надева дека првите вакцини од системот „Ковакс“ ќе пристигнат во Србија на почетокот на април.
Тој рече дека системот Ковакс, воспоставен да обезбедува вакцини на посиромашните земји, се соочува со истиот недостиг на вакцини како и некои земји, но дека СЗО има за цел да вакцинира 20% од светската популација со вакцини од таа програма до крајот на годината .

Во првата половина на 2021 година, Србија треба да добие 345,600 дози од вакцината Астра Зенека од механизмот Ковакс, беше објавено на почетокот на февруари во првата прогноза на Алијансата за вакцини Гави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This