ВАКЦИНИТЕ СЕПАК БИЛЕ СО ПОМИНАТ РОК?: Ако била само техничка грешка во печатењето на датумите, зошто се уништуваат вакцините на Дрисла?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По соопштението од страна на Агенцијата за лекови дека вакцините кои беа со погрешна декларација ќе се уништуваат во Дрисла се фрла нов сомнеж на целокупните случувања.

На почетокот на скандалот беше обелоденето дека вакцините се со поминат рок, на што Министерството за здравство објаснуваше во јавноста дека станува збор за обична грешка со декларациите, односно дека добавувачот „Македонија лек“ поставиле погрешни декларации, но дека вакцините се исправни.

Во продолжение на скандалот, министерот Филипче изјави дека добавувачот ќе биде казнет и дека очекува максимална казна, со што се изрезили бидејќи нема основно познавање на висината на казните за престапка од ваков тип, но остана на ставот и тврдеше дека вакцините се исправни и безбедни.

За да го докаже и даде тежина на овие тврдења, тој ја искористи својата внука која ја однесе во еден од пунктовите за вакционијрање и пред камерите демонстрирше дека е убеден во квалитетот на истите, но снимките го издадоа дека станува збор за фарса, бидејќи на снимките јасно се гледа дека на шприцот со кој наводно се вакцинираше внуката на министерот воопшто небеше отстранета заштитната капа од иглата, а медицинското лице не носи ракавици.

Инфомакс веќе обелодени дека и паниката со епидемијата од морбили како и новата набавка на вакцини е синхронизиран и осмислен потег за да се потрошат резервите и се влезе во нова милионска набавна на нови вакцини, а се користат сите инструменти за да постоечкиот добавувач биде исфрен од игра, во случајов „Македонија Лек“

Денес од Агенцијата за Лекови излегоа со соопштение дека вакцините на кои беше утврдено дека имаат „само“ погрешни деклариции ќе бидат уништени во Дрисла, што е уште една потврда дека нешто во овој процес се крие и смрди.

Ако станува збор само за техничка грешка, односно грешка на декларациите, нема логика истите да бидат уништени, особено ако се земе фактот дека и претставници од фарамцевтската компанија од Белгија дојдоа за да утврдат каде е настанат проблемот.

Потврда за исправноста на вакцините беше соопштена во јавноста, но што всушност ќе биде предмет на уништување во Дрисла останува нејасно.

Единствено што е јасно дека постојат голем број недоследности во изјавите и тврдењата на здравствените институции и министерот Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This