Вакциниpaните со Синофарм не треба да примат тpeта дoзa, не се пpeпорачува мешање на вakцините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните имунизирани со Синофарм да бидат спокојни и да не се оптеретуваат со проверка на антитела. Ова е ставот на националниот координатор за имунизација откако се создаде нервоза и паника кај лицата кои примиле кинеската вакцина дали ќе добијат имунитет против Ковид-19 и дали ќе треба да одат и трет пат на боцкање. Професор Александра Грозданова во изјава за Сител вели дека засега нема официјална препорака за трета доза, а тие како Комисија за имунизација ги следат сите објави и податоци за ефикасноста на оваа вакцина. Во земјата повеќе од 100.000 граѓани добиле една доза од вакцината на кинескиот производител а од денеска стартуваше и ревакцинацијата.

-Оваа вакцина се користи во повеќе земји во светот и е одобрена од СЗО. Ефикасноста е меѓу 75-80 проценти и иако овој процент е помал во однос на другите вакцини извонредно битно е да се нагласи дека оваа вакцина подеднакво успешно ги спречува компликациите и тешките облици на Ковид-19. Комисијата е во тек со сите објави за ефикасноста на оваа вакцина вклучително и онаа од Србија каде се увиде дека дел од постарата популација не создала антитела по примање на оваа вакцина. Сеуште нема официјална препорака за примање на трета доза на вакцини ниту пак за примање на различни вакцини и официјално оваа пракса не с еприменува нигде во светот, вели проф. Др. Александра Грозданова национален координатор за имунизација.

И додека од Комисијата за имунизација ќе ги следат сите препораки кои официјално ќе бидат одобрени во однос на овие прашања, епидемиолози и имунолози веќе излегуваат со препораки за евентуално трета доза за вакцинирани со Синофарм и тоа со друга вакцина. Директорот на Институтот за имунологија вели дека евентуално дополнително ревакцинирање не е случај само со кинескиот производител туку и други компании размислувале за оваа опција за засилување на имунитетот.

-Конкретно и Фајзер излегоа со размислување за евентуално трета доза за зајакнување на имунитетот. Од друга страна мерењето на антитела за утврдување колкава е ефикасноста на одредена вакцина е работа на стручните лица. Значи здравствените власти треба да излезат со став на пример лицата над 60 или лицата над 70 треба да примат уште една доза за подобар имун одговор. Тоа значи нивна одлука е дали и кога би имало воведување на трета доза, вели проф. Др. Александар петличковски, директор на Институтот за Имунологија.

Но проблемот со степенот на заштита не е само кај Синофарм туку и вториот кинески производител Синовак од кој треба да пристигнат во земјата 500.000 дози има помал процент на заштита при досегашните тестирања.

Во случај сите досега вакцинирани со Синофарм дадат по 15 евра на приватно за проверка на антитела тоа е приближно 2,5 милиони евра.

Инаку во земјата се уште нема решение за вакцинираните со Астра Зенека во Србија. Надлежните не отстапуваат од ставот дека со оваа вакцина нема да имунизираат помлади од 60 години, но и оние постарите кои сакаат втората доза да ја примат во Македонија нема како да се пријават.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This