Валтер ППК на Шон Конери од „Др. Но“, продаден за неверојатни 256.000 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пиштолот Валтер ППК, кој што неодамна починатиот Шон Конери го користел во првиот филм за Џејмс Бонд, е продаден во четвртокот на аукција во Беверли Хилс за неверојатни 256 000 американски долари, надминувајќи ги очекувањата, соопшти аукциската куќа Џулиенс Аукшн.

Шкотскиот актер Шон Конери, првиот Џејмс Бонд, почина на 31 октомври во неговиот дом на Бахамите на 90-годишна возраст. Деактивираниот полуавтоматски пиштол Валтер ППК е користен во филмот „Д-р Но“ од 1962 година.

Аукционерите на Џулиен изјавиле дека купувачот, кој сакал да остане анонимен, е Американец и ги гледал сите филмови со Џејмс Бонд со своите деца. Со цена од 256 000 американски долари, пиштолот се продаде за повеќе од очекуваните 200 000 американски долари.

Што го направи овој пиштол толку славен?

Валтер ППК е оружјето со кое стандардно е вооружен Џејмс Бонд како лик од серијалот филмови. Но, 007 не го користи во секој филм. Заедно со неговиот избор на коктел, Веспер Мартини („протресен, не размешан“), неговиот омилен автомобил, „Астон Мартин ДБ5“ и неговата наклонетост да се претстави со изговарање на неговото презиме пред неговото целосно име, пиштолот на Џејмс Бонд е еден од неговите „потписи“. Во текот на франшизата што се состои од оригинални 30-тина филма со Бонд и наскоро закажаните пет филмови поставени во рестартираниот серијал на Даниел Крег, Бонд повремено го менуваше своето опасно вооружување.

Во филмовите за Џејмс Бонд, Валтер ППК беше воведен рано во 1962 година, д-р Но, кога неговиот шеф „М“ (Бернард Ли) нареди еден агент 007 (Шон Конери) не по свој избор „да се префрли“ од неговата Берета 418, која ја користеше десет години (согласно пишувањето на Флеминг), во Валтер, помал, но ветувачки пиштол со поголема моќ. Експлозијата на глобалната популарност на филмовите за Џејмс Бонд го зацементираше Валтер ППК – пиштолот 007 – во историјата на поп културата, и без оглед кој актер го игра Џејмс Бонд, тајниот таен агент е скоро секогаш прикажан како го мафта со својот Валтер ППК во постерот на секој филм.

Валтер ППК е германски полуавтоматски пиштол кој е дизајниран во 1929 година, а масовно сериски произведен во 1935 година за потребите на полицијата (PolizeiPistole Кriminal – полициски пиштол – детективски). По Втората светска војна, фабриката и производоството е започнато од нула во произведувачот денес познат како Манурхин – во француската окупациона зона, од причини што на поствоена Германија и е забрането да произведува било какво оружје.

И покрај повторените почетоци фабриката доживува процут со маркетингот на Џејмс Бонд, а славата не изостанува и преку океанот во САД каде е концентрирано над 80 % од извозот и производството. Неговиот лесен и доверлив дизајн се сметаа за основа за изработка на источниот пандан Макаров кој уште повеќе ја зголемува неговата слава.

Како еликсир на регенерацијата на валтер пиштолите е фактот што крајот на Адолф Хитлер е поврзан токму со пиштолот Валтер ППК чија цевка е последно нешто што тој го гледа – самоубиството е извршено со пилула цијанид и куршум испукан од овој модел на пиштоли.

Пиштолот е исто така користен и за атентат врз јужно корејскиот диктатор Парк Чунг Хи, а неговата службена употреба довела да биде воведен во употреба на над 30 полиции и армии во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This