April 26, 2024, 10:36 am

ВАНЕ БОШЕВ НА ВРВОТ НА ОЛИМП: Единаесет годишниот Ване го искачи и последниот врв Стефани на планината Олимп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единаесет годишниот планинар Ване Бошев го искачи врвот Стефани, на планината Олимп во Грција, висок 2.911 метри надморска височина. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче, кој е, исто така, планинар.

Неговиот татко Орданче, исто така, планинар информираше дека со ова Бошев го заокружил искчаувањето на сите пет врва од планината Олимп.

– Минатата година два пати ги искачи врвовите Скала, Митикас, Сколио и Илијас. За многумина токму Стефани е најтешкиот врв за искачување на Балканот, рече Орданче Бошев.

Тој соопшти дека со ова, неговиот син, кој зема државна стипендија како млад и надежен планинар, ја исполнил програмата за оваа година, искачувајќи 30 планински врвови.

Ване Бошев планинари од неполни три години, има искачено голем број планински врвови во земјава и странство, а има добиено и многу признанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This