April 26, 2024, 12:04 pm

ВАНКОВСКА: А жолти ѕвезди тие ќе ни дадат или сами да си направиме?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Билјана Ванковска реагираше на новиот предлог за воведување на таканаречените еколошки налепници на возилата со кој владата планира да го намали енормното загадување.

Во Македонија има околу 460 000 регистрирани возила од кои над 77 отсто се со еуро 1, еуро 2 или без стандарди што значи дека ќе добијат црвени налепници и ќе им биде забрането да возат во деновите кога воздухот ќе биде многу загаден.

„А жолти ѕвезди тие ќе ни дадат или сами да си направиме? Ова е дискриминација по социјална основа, забранета со устав, барем формално-правно. И сето ова за да покажат дека божем нешто преземаат за заштита на животната средина – додека на друга страна градат рудници на смртта! Нема живот во Северна, освен за богатите“ напиша Ванковска на нејзиниот ФБ профил.

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10217110058326536

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This