ВАНКОВСКА: Денешниот ден ги има сите шанси да остане запомнет како Црниот петок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Касами и Сеља никогаш не криеле какви се нивните политички визии и барања, но сега се плашам дека е ова драмолетка со која сакаат да не’ доведат во уверување дека Заев ја брани македонштината (заедно со Бетка и компанија). Они као нападају, а ови као бране. Албанските лидери никогаш не смееле ни да кивнат без дозвола од Калето, а таму Преспанскиот е апсолутен приоритет. Послушноста веќе безброј пати ја докажаа сите македонски политички партии во парламентот. Но, кога ќе помине промената на уставот, со креативно толкување (особено на новата премабула) ќе се премине кон кантонизација и постепена федерализација на државата – за што нема да ни бидат криви ни Грците ни Бугарите. Мислам дека имаат 2/3 мнозинство, само не’ држат во тезија за да на крајот дури и си речеме: уф, добро е, можеше полошо да биде! Инаку, ова тегавење мене повеќе ме асоцира на вицот со кокошката која бегала за да не речат дека е „лесна“.

Инаку, редефинирањето на Македонија е долг процес кој трае најмалку од 2001 година. Македонија (Македонците) остануваат како во некаков чуден историски конундрум, во сендвич меѓу старите балкански национализми. Но, чинам, никогаш ситуацијата не била потешка и побезизлезна. Македонскиот народ успеа да го изгуби она што го има стекнувано и градено во неверојатно кус период, поради коцкарот кој го ставија на власт однадвор (пошто нема династија која би се нафатила, а и не сме баш некоја премија, избраа еден од Муртино, кој верува дека е црпнат и со божја мисија). Од готово – вересија! И да се разбереме: никој не е повеќе крив за ова што ни се случува од нас самите, од нас постарите генерации, ама и од оние кои пораснаа по 1990-та (транзициските генерации).

Денешниот ден ги има сите шанси да остане запомнет како Црниот петок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This