ВАНКОВСКА ЗА СЕЛКТИВНАТА ПРАВДА: За неуставниот избор на претседател на Собранието мудро си молчиме, од овие правиме „монструми“ зошто протестирале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немам време се’ да коментирам, па еве еден одговор што го издвојувам како посебен пост (прашањето беше што барал Дурловски на протест и зошто бил организатор):

На ова прашање може да одговори само Игор Дурловски. Но, да се потсетиме дека и еден друг меѓународно признат оперски пејач се активираше во 2004 година. Колку универзитетски професори се активираа со фрлање боја на институциите, стоеја пред Влада на 5 мај и повикуваа на влез во зградата? Некој ќе рече сега дека релативизирам – да, релативизирам бидејќи тоа значи да ги ставиш настаните и учесниците во контекст едно наспроти друго, за да се види целата слика. Она што е проблематично не е дека Дурловски и останатите се приведени поради протести кои завршиоја со насилство. Тоа требаше да се направи веднаш, но на сегашните моќници им беше поважно да ги добијат локалните избори, вклучително и со асистенција на полицијата (само министерот на колку митинзи се појави! Ејјјј, на локални избори!). Проблемот што јас го гледам е во следново: 1) зошто после цели СЕДУМ месеци, ставаат во притвор луѓе кои во изминатиот период, демек, можеле и да побегнат, и да влијаат и да го повторат делото (тоа се трите поравни основи по кои се изрекува притвор)? 2) од каде инкриминација за ТЕРОРИЗАМ! Кого тоа сакале да исплашат, кога пола народ беше со нив, можеби не физички ама имаа симпатии за нивната кауза (против Тиранска платформа и сл. – се’ што сега ни се реализира пред очите, значи не била теорија на заговор или етничка параноја?); 3) каква правда е тоа кога ИСТОВРЕМЕНО, пред 7 месеци, во собранието се одвиваа најмалку ДВЕ дела против државата?! За едното мудро си молчиме, од овие правиме „монструми“ зошто протестирале. (Ова со монструм намерно го спомнувам, бидејќи со такви средства се служеше и ДПМНЕ кога набрзина апсеше по Смиљковско и зборуваше за терористи и кампови во Авганистан.) Размислувам вака: кога народ влезе во скупштината на Србија кога го соборуваа Милошевиќ, никој не беше обвинет за насилно уривање на уставен поредок, а тие палеа, кршеа, верувам се сеќаваш. Потоа, што е со оној „терористички напад“ од јуни 2001 година, кога исто толпа навлезе во Собранието? 5) Конечно, смешно е терористите од 2001 да ги прогласуваш за амнестирани за вјеки вјеков, иако делата не застаруваат, а овие што организирале протест да ги приведуваш за тероризам. Ако се „мажи“, нека ги поапсат и оние обвинети за Хашките случаи. Нека биде правда! Ама за сите!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This