ВАНКОВСКА СО ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ: „На која дрога си ти?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетската професорка Билјана Ванковска жестоко реагира на колумната на Борјан Јовановски објавена во грчкиот дневен весник „Неа Селида“, прашувајќи на која дрога е авторот што во написот насловен „Лет во место“ констатира дека „моќта на националистичката халуциногена дрога ја доведе најголемата етничка заедница во Македонија, етничките Македонци, да се доживее себе си како жртва на сите можни светски конспирации и да ја затвори во самата себе“.

„Ваков етномазохизам и самомрзечки однос може да се најде само уште во Србија! Македонците биле под халуциногена (националистичка) дрога во 90-те!? А на која дрога е авторот, кога ‘заборавил’ како стекнавме независност, кој собра милион луѓе во Солун, кој бараше од нас да го избришеме името Македонија како услов за признавање?! И ова го објавува токму сега за да ги ‘трогне’ соседите, пред утрешниот протест!“, напиша Ванковска на својот профил на „Фејсбук“.

Алузиите на дрога Jовановски ги користи и кога го прекорува јужниот сосед дека „наместо да пристапи како кон издрогиран малолетник на кој му треба помош, Грција истапи од позиција на супериорност која само го искомплицира и онака комплицираното барање од нејзина страна да се промени името на државата со став земи или остави“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This