April 20, 2024, 12:58 am

ВАНХАУТЕ ПОТВРДИ ДЕКА ПЛАНОТ Е ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА: Во текст објавен на личниот блог на „мачкарот“, Белгиецот тврди дека нема ништо лошо во федерализацијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгискиот „експерт“ близок до СДСМ кој своевремено додека изигруваше медијатор помеѓу партиите, а всушност ја користеше позицијата за дружба со понежниот пол од помладокот на партијата за која работеше, во јавноста познат за гласноговорник на СДСМ кој во јавноста ги изнесуваше нивните тези и ставови, вчера на својот блог во текст под наслов „Федерализација – забранет збор“, објаснува дека „не е ништо погрешно“ ако Македонија се федерализира или пак има двојазичност.

vanhojte_zakon_zbor
Она што го зборува Ван Хауте не е далеку од тоа што СДСМ и двоецот Заев – Шеќеринска го имаат на ум да го направат со државата. Така беше и во времето на скапо платеното посредување на Ван Хауте кога истиот предложи ист предлог закон за медиуми како оној на СДСМ препишувајќи го, со кој тие сакаа целосно да го цензурираат новинарството во Македонија и да забранат дури и лични ставови на новинарите, што само по себе е преседан во светски рамки.

Ван Хауте исто така додека беше во Македонија редовно преку социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ја навредуваше Македонија и нејзините граѓани.
Во една од неговите објави на Фејсбук тој ја поистовети Македонија со грчка сопственост. Објавувајќи табла од Грузија која обележува некој имот на која пишува: „Сопственост на Грција“.

vanhaute_grcija
Ван Хауте ја скандализираше Македонската јавност и со изјавата дека Македонија не може да превземе закон за медиуми од ЕУ. Според Хауте беше добра идејата да се копира од европските земји. Трагична и смешна во исто време, е оваа изјава и го покажува тоталниот недостиг на аргументи за одбрана на фалшливите ставови на Белгиецот. Со ваквиот став дека Македонците не се достојни да бидат европејци Белгиецот додаде уште една тешка навреда на грбот на Македонија.


Ванхауте постојано ја персонализираше Република Македонија со мачки. Во еден од неговите твитови, отиде толку далеку што со вперен пиштол во мачка која се предава и „вели“ дека изборите нема да се одржат на 24 април.

vanhaute_macka
ВМРО-ДПМНЕ поради навредите на Ван Хауте кон Македонија и македонскиот народ ја прекина соработката со него и јавно во текот на преговорите одби да се среќава со истиот.
Иако истиот повеќе не е во земјата, тој и понатаму продолжува да скандализира, да ја навредува државата и да изнесува ставови кои го поткопуваат уставниот поредок на Македонија и нејзината сувереност. Имајќи ја во предвид досегашната усогласеност во ставови помеѓу СДСМ и Ван Хауте дали може да се рече дека Ван Хауте со неговиот текст повторно е предгласник на СДСМ и нивните ставови?

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This