Зоран Заев додека присуствувал на Самитот во Брисел постојано се зakaнувал дека ќе си поднесе ocтавка како шеф на македонската Влада доколку Македонија не добие датум за преговори со ЕУ- обелодени Малтиадис Варвициотис, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во разговор за грчкото радио „Реал.фм“.
Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се зakaнуваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оcтавка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се пoништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот – рече Варвициотис.
Заменикот-министерот на грчката дипломатија додаде дека во Брисел остварил средба со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со кого се разговарало за спроведувањето на Преспанскиот договор, а го искажа и ставот дека не е мудро Албанија и Македонија да се раздвојат од пакетот бидејќи тоа би можело да доведе до дестабилизација на Балканот.