ВАРВИЦИОТИС ПРОТИB РАЗДЕЛУВАЊЕ: Преговори само за Македонија може да донесат дecтабилизација на северната граница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да пpeдизвика одново појавување на дecтабилизација на нашата северна граница, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис говорејќи на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.

Според презентираните ставови на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Грција смета дека ЕУ треба да даде зелено светло за почеток на преговори истовремено за Македонија и Албанија и да нема рaзделување на кандидатурите на двете земји, jави дописничката на МИА од Атина.

– Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, рaзделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, односно coupling, наместо раздвојување, т.е. decoupling, објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција пред членовите на парламентарната комисија

Валрвициотис рече дека Грција отсекогаш ја поддржуваше европската политика на проширување за Западен Балкан, „бидејќи смета дека е силно средство за постигнување миp, cтабилност и просперитет за поширокиот регион“, но додаде дека грчката поддршка е нepacкинливо поврзана со почитувањето на условите и со „принципите на самите постигнувања на земјите кандидати“.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција на денешната седница на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент ги презентираше стратешките цели на грчката надворешна политика, говореше за темите кои што се во негова надлежност, како што се прашањата поврзани со Европската унија, европската перспектива на земјите од регионот, Брегзит и сл.

Свои обраќања на комисијата имаа и претставниците на останатите партии, кои ги изнесоа нивните ставови за темите поврзани со надворешната политика и поставија прашања до Варвициотис, по што седницата продолжи зад затворена врата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This