ВАРДАР ГО СОВЛАДА ТАТРАН: На табелата си обезбеди прво место со 21 бод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански” го совлада словачкиот тим Татран Прешов со 28:26 и на едно коло до крајот во групната фаза го обезбеди првото место во А-групата.

 

 

Иако ослабени без неколку стандардни првотимци, „црвено-црните” кои се бранители на трофејот во регионалното натпреварување, успеаја да ги освојат трите бода, откако на почетокот на второто полувреме ја започнаа серијата од 10:2 и негативата од 13:18 ја претворија во позитива 23:20.

Најефикасни во победничката екипа беа Иван Чупиќ, Павел Атман и Данил Шишкарев со по пет погодоци.

Јанус Лапајне со шест гола се истакна кај Татран.

На табелата Вардар е прв со 21 бод, Мотор Запорожје има 18, Татран е трет со 15, следува Војводина со 15, Нексе има 6, Пекинг Универзитет е последен без освоен бод.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This