ВАРДАР ГУБИ СО ОСУМ ГОЛА: Унгарците сеpиозно си ја сфатија работата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на Пик Сегед за 30 минути ја достигнаа нeгативата која ја имаа од првиот меч и „вардарци“ нема да се чувствуваат комотно во продолжението од средбата. Тие влагаат со големо заостанување и негатива од осум гола. Пик Сегед води со 17-9.

Унгарците влегоа сeриозно почнаа на секој гол на Вардар да постигнуваат од два до три гола. Тоа им носеше постојано зголемување на предноста која во 25. минута беше седум гола, а Пик Сегед водеше 14-7.

На овој резултат Стојанче Стоилов постигна гол за намалување, а потоа одлука која може само да се очекува од Шпанците, кои досудија седум додавања после крената рака за пасивен и го поништија овој погодок.

Во следниот напад Пик Сегед веќе ги достигна осумте гола разлика од Скопје, а во 28 минута имаше и 16-7 додека Вардар делуваше немоќно во нападот. Конечно гол беше постигнат на истекот на 29. минута кога Даини Кристопанс дојде до третиот гол на овој меч за 16-8.

До крајот на првото полувреме имаше уште по еден гол на двете страни, па на одмор се замина со 17:9. Во овој дел од средбата најефикаен беше Деан Бомбач кој биеше без грешка и реализираше шестпати од шест удари, а 4 од 4 имаше Банхиди. Во Вардар најефикасни беа Кристопанс и Карачиќ со по три гола.

Facebook12TwitterEmail

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This