ВАРДАР НАНИЖА УШТЕ ЕДЕН УСПЕХ: Ракометарите на Вардар, трети на Супер Глоуб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот и македонски првак Вардар го освои третото место на Супер Глоуб 2017, откако попладнево во малото финале клупското светско првенство го совлада домаќинот Ал Сад со 37:19.

Во поголемиот дел од првото полувреме двете екипи се менуваа во водството за финишот да им припадне на вардарци кои со 14:10 заминаа на паузата. Во вторите 30 минути доминација на македонскиот тим за убедлива победа на крајот изразена со 18 голови разлика.

За пласманот на третата позиција на турнирот во Катар „црвено-црните“ ќе добијат парична награда од 150 илјади долари.

Ова беше последен натпревар на Вардар пред официјалниот почеток на сезоната во СЕХА лигата, на 2 септември против Металург во СЦ „Борис Трајковски”.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This