ВАРДАР НЕМА ДА БИДЕ САМО СТАТИСТ ВО ГРУПАТА: Вардар активен на трансфер пазарот – звучни имиња и големи засилувања за Лига Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вардар успеа да ја израдува целата државата и да ја испише историјата на македонскиот фудбал, обезбедувајќи прв пат во историјата фудбалска есен за еден клуб од нашата држава. Но, според последните трансфер активности на клубот, не личи дека амбициите застануваат тука, Вардар очигледно не сака да биде само статист во групата со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.

Откако се пласираше Вардар во групната фаза од Лигата на Европа почнаа и активностите на управата, која пред стартот на европската авантура доведе само две нови засилувања, тоа беа Висар Муслиу од Ренова и Бесир Исени од Шкупи.

Откако успеаа во она во кое што сите вардарови фанови сонуваа, а ретко кој веруваше, управата се зафати за работа и уште пред пласманот во Лигата на Европа доведен беше бразилскиот напаѓач Итало, кој позади себе има навистина богата биографија, со настапи за бразилските великани Интернасионал и Сао Пауло, како и португалски Маритимо. Головите кои треба од него да дојдат ќе ги чекаме во групната фаза и секако во домашното првенство, каде што Вардар атакува по одбрана на круната. Инаку Итало веќе и се запиша во листата на стрелци за Вардар во лигашкиот натпревар против Победа.

 

Веднаш после пласманот во групната фаза прво име кое пристигна во редовите на Вардар беше срспкиот интернационалец и играч од средниот ред Вања Марковиќ. Тој има 23 години и продукт од школата на Партизан, а во Вардар пристигна од Корона Киелце.

 

Доказ дека Вардар не сака да биде само статист во групната фаза од Лигата на Европа, е тоа што управата и во последните денови од преодниот рок е растрчана по засилувања. Во моментов можеби најатрактивно звучи името на младиот напаѓач од Русија, Максим Максимов. Како што пишува спортскиот портал Спорт1 тој е блиску до трансфер во нашиот шампион. Тој има 21 година, а доста солидни бројки позади него. Досега има постигнато вкупно 30. голови, 21. на официјален натпревар за Атлантас и девет за тимот на Тракаи, плус осум во квалификациите (еден за Атлантас и седум за Тракаи). Инаку во моментов Максимов е најдобар стрелец во Лигата на Европа, заедно со Ричмонд Боакие од Црвена Ѕвезда.

 

Покрај него со Вардар во моментов се поврзува и младиот српски напаѓач Ѓорѓе Ивановиќ од Спартак Суботица. Ивановиќ има 22 години, сезоната ја започна одлично на досега седум одиграни натпревари во првата лига има постигнато четири погодоци што го става во топ – 5 стрелци во овој момент. Ивановиќ минатата сезона на 35 првенствени натпревари постигнал 8 голови.

Од поодамна со Вардар се поврзува и Хамед Коне од Брегот на Слоновата Коска, каде и дел од фудбалските фанови го сметаат за Марадона од таа африканска земја.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This