ВАРДАР ПOPAЗЕН ВО УКРАИНА: Европскиот шампион пopaзен во второто коло од СЕХА лигат од Мотор Запорожје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на актуелниот македонски и европски шампиони Вардар претрпеа пораз од Мотор Запорожје на гостувањето во Украина, во рамките на второто коло на СЕХА лигата.


Украинскиот тим од самиот почеток, постојано имаше предност иако вардарци во неколку наврати имаа и шанса барем еднаш до дојдат во водство. Но, тоа не се случи, а на истекот на мечот, црвено-црните имаа можност да се избopaт барем за бод.

Но најстрогата казна односно ударот од седум метри не го реализира Чупиќ, па домаќините можеа да се радуваат на победата со конечни 32:31.

Тимур Дибиров со шест гола беше најефикасен во редовите на македонскиот првак, за кој по пет гола постигнаа Кристопанс и Aтман, а четири Чупуќ.

Овие два тима ќе се сретнат меѓусебно и во Лигата на шампионите и тоа во 3.коло во мечот кој ќе се игра во Запорожје на 29 септември.

Ова беше последен тест за вардарци пред стартот на натпреварите во Лигата на шампионите и гостувањето кај Монпелје на 14 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This