April 23, 2024, 11:32 pm

ВАРДАР ЌЕ ГРМИ И НАРЕДНА СЕЗОНА: Надмината неизвесноста со македонскиот ракометен гигант

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ракометен првак Вардар како што изгледа ќе остане на здрави нозе и наредната сезона, затоа што клубот имал состанок со играчите, на кој, наводно, им било соопштено дека ќе се смета на нив и в година.

Сергеј Самсоненко, првиот човек на клубот, пред двомечот со ПИК Сегед соопшти дека се повлекува затоа што не може да го финансира Вардар сам, но откако дојдоа најави за нови финансиски „инјекции“ од домашни компании, целата ситуација се промени.

Според најавите, Самсоненко ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар, ќе има помош од домашните компании и ќе се задржи „костурот“. Во целата ситуација вклучен е и Михајло Михајловски, почесниот претседател на клубот. Играчите имале состанок со управата, на кој им било соопштено дека се смета на нив и во иднина.

Тимот ќе го напуштат само оние кои веќе договориле нов ангажман, во случајов од важните играчи тоа се Рожерио Мораеш, Игор Карачиќ и Даинис Кристопанс. Останатите, според најавите ќе останат дел од Вардар и в година, а целите ќе бидат исти, тоа е пласман на Ф4.

Вардар е единствениот тим во машка конкуренција кој три пати по ред игра на Ф4-завршницата во Лигата на шампионите. Тимот веќе еднаш успеа да се искачи и на европскиот врв и на Македонија во 2017 година и ја донесе втората европска ракометна круна, по онаа на Кометал Ѓорче Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This