ВАРДАР ЌЕ ИМА НОВ ТРЕНЕР: Словенците го нудат Зорман, но Вујовиќ е фаворит за нов тренер на Вардар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роберто Гарсија Парондо оствари неверојатен успех, во дебитантската сезона како прв тренер носејќи го Вардар до врвот на ракометна Европа. Шпанскиот стратег се наоѓа пред заминyвaњe откако договори и ангажман како селектор на Египет, а веднаш по завршницата на фајналфор турнирот почнаа и шпеkyлациите околу негов наследник.

Словенечкиот весник „Дело“ го посочи Урош Зорман како главен фаворит за нов тренер на Вардар. Идентично како Парондо, и Зорман нема самостоен тренерски ангажман, па јасно е дека клупата на актуелниот првак Вардар е максимално примамлива за него. Тој моментно е асистент на Душебајев во Кјелце и на Веселин Вујовиќ во словенечката репрезентација, но нормално е дека е сериозно заинтересиран за преселба во Скопје.

Сепак, апсолутен фаворит во оваа трка останува поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ. Тој беше шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“ до доаѓањето на Сергеј Самсоненко, а со враќањето на Михајло Михајловски во клубот јасно е дека Вујо повторно е многу близу до клупата на скопскиот клуб. Тој секогаш јавно ја истакнувал својата приврзаност кон „црвено-црните“ и откако си замина, а водење на проект со сериозен буџет во ЛШ, и тоа како актуелен првак на Европа, сигурно е предизвик што „Вујо мајсторе“ без размислување би го прифатил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This