April 25, 2024, 12:14 pm

ВАРХЕЈИ ВО СКОПЈЕ: Новиот еврокомесар за проширување во дводневна посета на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархеји на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Македонија, дознава МИА од извори од Брисел. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар.

Се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно oбвинитeлство.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This