Вархеји: Периодот што следи е клучен за европската иднина на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Брисел оствари средба со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, на која во посебен фокус биле следните чекори на европскиот пат на земјава, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Како што се наведува во официјалното владино соопштение, Димитров се заблагодарил на тимот на еврокомесарот Вархеји за вложените напори од страна на Европската комисија во светло на отпочнување на преговорите со Унијата, како и за економската помош што Македонија ја добива во контекст на сузбивање на последиците од пандемијата.

Двете страни го потенцирале значењето на периодот што следи, кој го оцениле како суштински за европската иднина на Македонија.

„Спремноста, визијата и посветеноста на нашиот тим за реализирање на овој стратешки национален интерес ја потврдува потребата за следниот историски чекор на нашата европска агенда – отпочнување на пристапниот процес”, нагласил Димитров.

Комесарот Вархеји информирал за напредокот во финализирањето на Економската програма за развој и инвестиции во земјите од регионот на Западен Балкан, што веќе за време на мандатот на оваа Комисија се очекува да испорача опипливи резултатати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This