ВАСКО ПОПЕТРЕВСКИ СИ ГО „ДОБИ“ ОД СИЛЈАНОВСКА: Ајде тебе да те преименуваме, па наместо Васко да бидеш Раско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави:

“Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот. Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“

На исистирањето на новинарот Васко Попетрески дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“!

Новинарот немаше коментар.

Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, пoлициjaтa може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

Доколку станам Претседател ќе отворам иницијатива за Уставот, бидејќи со ваков Устав како држава немаме функционална демократија, да се подобри балансот на начелото на поделба на власта, за да не биде власта концентрирана само во Премиерот.

Како жена Претседател ќе иницирам правична и соодветна застепеност по родова линија, за повеќе жени во јавниот сектор. Ќе побарам и поголема надлежност за Уставниот Cуд. Ќе побарам cкpaтување на привилегиите на Претседателот после истекот на мандатот и ќе побарам скратување на бројот на министерствата во организацијата на владата. Ќе поканам и македонски и странски конституционалисти да дадат придонес во суштинско подобрување на уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This