ВАШИНГТОН И ЛОНДОН ЛАЖАТ: Руската војска ги обвини британските „Бели Шлемови“ во Сирија за ширење лаги за хемиски напад во Источна Гута

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставниците на ОН во Дамаск кои имаат проблем со слободен пристап во Источна Гута ниту еднаш не нашле доказ за употреба на хемиско оружје од страна на сириската војска, рекол официјални претставник за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека Лондон може да ја поддржи воената акција против сириските владини сили само ако добие несоборливи докази дека Дамаск употребил хемиско оружје.

Коментирајќи ги зборовите на Џонсон, рускиот генерал нагласил дека „претставниците на ОН кои се наоѓаат во Дамаск и кои имаат слободен пристап во Источна Гута ниту еднаш не најдоа доказ за вистинитоста на соопштението“.

Тој исто така наведува дека „од ден во ден се повторува мантрата од Лондон и Вашингтон за наводна употреба на хемиско оружје од страна на сириските власти против цивили, овој пат во Источна Гута, одамна е претворено во обична фарса“.

„Вниманиет на себе особено привлекува реториката на жестоките свиркачи до Велика Британија и САД. Наместо факти тие секогаш се повикуваат на некои ‘соопштенија кои пристигнуваат’, не зборувајќи за тоа дека тие соопштенија за наводна примена на хемиско оружје се припремаат и се шират на социјалните мрежи со помош на нивните пропагандни канцеларии како лондонската ‘Опесерваторија за човекови права во Сирија’ и ‘Сириско-американско медицинско друштво’ кое се наоѓа во американската држава Илиноис“, изјави Конашенков.

„Обидите на лажговците од ‘Бели Шлемови’ кои ги формираше Лондон и кои се финансираат од британскиот буџет сите тие лаги да ги забележат на видео-снимки се жалосни“ додава генералот.

Тој потсетува дека секоја операција во „последните 15 години, уште од времето на американско-британската операција за уништување на Ирак во 2003. година започна со обвинувања за употреба на хемиско оружје“.

„Ниту во Вашингтон, ниту во Лондон не можат да смислат ништо ново за оправдување на својата агресија против суверени држави“, заклучува Конашенков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This