April 20, 2024, 12:49 pm

„ВАШИНГТОН ПОСТ“: Каде се распоредени американските војници на Блискиот Исток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако САД во петокот го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад, ирачкиот Парламент два дена подоцна изгласа резолуција со која бара повлекување на сите странски трупи од нејзина територија.

Во Ирак се распоредени 6.000 американски војници низ цела земја, вклучително и во Зелената зона на Багдад, како и во авиобазата Ал Асад.

„Вашингтон пост“ објави во кои земји на Блискиот Исток има стационирано американски војници.

Најголем број на американски војници се распоредени во Авганистан – 14.000.

Додека најголемата американска база е во Катар, каде се распоредени околу 13.000 војници. Базата е лоцирана југозападно од Доха. Авиобазата беше клучна за борбата против Исламска држава.

Во базата е стациониран и Центарот за комбинирани воздушни операции, задолжен за координирање на американските и коалициските воздушни сили ширум Блиски Исток, посебно воздушниот простор над Ирак, Сирија и Авганистан.

Додека во Кувајт се стационирани исто така 13.000 американски војници.

Во Бахреин е сместена Поддршката на поморските активности и Петтата флота, како и авиобазата Иса. Во земјата се присутни околу 7.000 американски војници.

Во Обединети Арапски Емирати стационирани се 5.000 американски војници во близина на Ормутски Теснец.

Во Јордан и во Саудиска Арабија има стационирано по 3.000 американски војници. Од авиобазата во ОАЕ беа преземани операции против ИД. Додека Саудиска Арабија и Иран се долгогодишни регионални ривали, кои се инволвирани во конфликтот во Јемен.

Додека во турската воена база Инџирлик стацинирани се 2.500 американски војници.
Во Сирија има околу 800. Тоа е поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври минатата година нареди повлекување на американските трупи од Сирија.

Најмалку американски војници има во Оман – 606. Тие се распоредени во земјата откако во март минатата година Мускат и Вашингтон потпишаа договор за користење на аеродромите и пристаништата во Оман, земја која се наоѓа во близина на Ормутски Теснец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This