April 19, 2024, 11:59 pm

Само Русија може да спpeчи енергетска kpиза во Европа оваа зима

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија„може и треба да ги зголеми испораките на гас за Европа над договорената количина, за да спречи енергетска криза на континентот во случај на студена зима, изјави претставникот на Стејт департментот за енергетска безбедност Амос Хохштајн.
Хохштајн ја повика Германија јасно да и стави до знаење на Русија дека „Северен тек 2“ не може да биде пуштен во употреба пред март следната година и дека треба да ги користи постоечките рути за да го зголеми снабдувањето, вклучително и украинскиот систем за транспорт на гас.
„Единствениот снабдувач што може да ја промени ситуацијата на европскиот енергетски пазар оваа зима е Русија. Можат да го зголемат производството, тоа треба да го направат. Тие треба да вршат испораки преку постоечките гасоводи“, рече Хохштајн на брифингот.
„Ако Русија има гас за Северен тек 2, тогаш има количини за гасниот транспортен систем на Украина, за други правци. Треба да ги искористат“, додаде тој.

Дипломатот повтори дека Соединетите држави не го менуваат негативниот став кон „Северен тек 2“, но тие се префрлија од обидот да ја спречат неговата изградба на израмнување на негативните последици од неговата експлоатација.
Хохштајн предвидува дека Европа би можела да се соочи со недостиг на енергија оваа зима, доколку биде постудено од вообичаеното и ако поскапуваат горивата.
На прашањето дали САД ќе и помогнат на Европа во снабдувањето со течен природен гас, тој одговори дека американските компании имаат доволно залихи на тој енергенс, но дека властите во земјата немаат право да ги диктираат насоките за извоз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This