April 24, 2024, 12:03 am

ВАШИНГТОН ЈА ПРЕТВОРА ВЕНЕЦУЕЛА ВО БOJНО ПОЛЕ ПОМЕЃУ САД И КИНА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон загрижено набљудуваше како Кина низ годините го зголемува своето влијание во Латинска Америка.

„Во Вашингтон се зголемува загриженоста за влијанието на Кина во Латинска Америка”, изјави д-р Рубрик Бигон, професор по меѓународни односи на Школата за политика и меѓународни односи на Универзитетот во Кент, за Спутник. „Дури и поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон, кој е релативно умерен глас во администрацијата на Трамп, ја поттикна доктрината на Монро да предупреди за зголеменото присуство на Кина во регионот”.

Британскиот академик се сомнева дека „Венецуела се трансформира на бојното поле помеѓу САД и Кина”, но не ја исклучува можноста дека „односите на Кина со Венецуела може да предизвикаат интервенции од страна на Вашингтон“.

Тој нагласи дека Венецуела долго е „трн во ногата“ на Вашингтон. САД ја гледа владата на Венецуела како идеолошки и геополитички противник уште од 1990тите кога на власт беше Хуго Чавез.

„Мислам дека пристапот што САД го има кон Венецуела е поттикнат повеќе од идеолошки и геополитички мотиви отколку од грижата за влијанието на Кина врз Венецуела“, додаде тој.

Едуардо Менезес Карвало, професор по меѓународно право и директор на Кинеската катедра во Бразил, верува дека Вашингтон се обидува го врати влијанието врз Јужна и Централна Америка, откако Џорџ Буш го пренасочи фокусот кон Блискиот Исток.

„САД сфатија дека Кина е важен трговски партнер на многу јужноамерикански земји што доведе до тоа неколку земји од Латинска Америка да го повлечат признавањето на Тајван, следејќи ја политиката на Кина кон таа земја.“, рече тој.

Според бразилскиот теоретичар, САД се обидуваат да го намалат влијането на Кина во регионот со мерки кои долго се користеа во Латинска Америка за да се дестабилизираат земјите.

„Таков е и случајот со „Хуавеи“, рече тој, „ Прво користат непроверени факти за да ја поткопаат репутацијата на земјата, а потоа со помош на западните медиуми шират вести за да предизвикаат страв од „Кинеската закана“. Тоа се е дел од планот за борба за влијанието во светот. А денес токму Кина е закана за САД.“

Додека Трамп го призна водачот на опозицијата Хуан Гваидо за привремен претседтел на Венецуела, Кина, Русија и Турција се дел од земјите кој го поддржаа Мадуро за легитимен претседател на земјата избран на демократски избори.

Тоа може да предизвика проблеми за Вашингтон бидејќи Кина и Русија се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и имаат право да стават вето на одлуката да се користи сила против Венецуела.

Пекинг има добри причини да го поддржи Мадуро. Карваљо истакна: Прво, кинеското раководство разбира дека Гуаидо нема легитимност и “досега не ја покажа ефективноста на неговата наводна влада”;второ, „Кина вложи многу милијарди долари во Венецуела, а промената на владата и режимот може да предизвика голема загуба на кинеските економски интереси”.

Според Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон, Народна Република Кина вложила 62 милијарди долари во Венецуела во текот на изминатата деценија.„Ако режимот се промени, Кина би можела да има огромни економски загуби и исто така да изгуби важен сојузник во Јужна Америка. Бразилскиот научник претпоставува дека ова би можело да има последици во Азија, каде што Кина би можела да биде построга против присуството на САД во регионот и да донесува одлуки што досега ги избегне – вклучително и во однос на Тајван”.

“Тешко е да се предвиди што ќе се случи”, рече Карваљо. “Но, сигурно ќе има кинеска реакција”.

Д-р Тим Андерсон, директор на Центарот за контрагегемонистички студии во Австралија, ја повторува загриженоста на Карваљо: „Ако Мадуро се отстрани и ќе биде создена американска марионета, секако ќе бидат сведени на минимум кинеско-венецуелските односи и што ќе биде директна закана на кинески инвестиции”, рече тој.

Според Андерсон, латиноамериканската држава, исто така, може да биде вовлечена во кинеско-американската трговска војна ако победат Гваидо и неговите поддржувачи.

„Венецуела има најголеми резерви на нафта и гас на континентот, а веројатно и во светот”, истакна австралискиот научник. „Постои дефинитивно ривалство во САД, нафтени компании кои би сакале повластен пристап до, на пример, инвестиции во појасот Ориноко. До кој степен тие би можеле да ги блокираат или да ги сменат кинеските инвестиции таму ќе зависи од амбициите на САД и нивото на инсталираниот марионетски режим”.

Тој објасни дека „САД и нејзините клиенти не само што ќе мора да го отстранат Мадуро, туку ќе мора да ги уништат сите венецуелски институции“.

Андерсон предвидува дека ако Вашингтон ја преземе Венецуела, може да се очекува да ги консолидира своите енергетски резерви и енергетската безбедност, додека ги одржува своите обиди за блокирање на Иран и да ги држи Европа и Русија настрана”.

„Сета оваа мега-саботажа навистина го поставува прашањето кога Кина, Русија и Европа (и, се разбира, Латинска Америка) ќе развијат финансиски механизми што ќе им овозможат да избегаат од економската агресија на САД”, рече тој. „ЕУ вели дека во моментов развива возило со специјална намена со кое ќе се избегнат санкциите на САД и да се оствари нормална соработка со Иран.

Сепак, според професорот, останува да се види дали Европејците, токму сега, имаат волја да ги направат овие отстапки со Вашингтон”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This