ВАШИНГТОН ЌЕ ГИ ДИСЦИПЛИНИРА КОСОВАРИТЕ: Откако Брисел потфрли САД ќе го решава прашањето за КиМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дипломатската офанзива на Вашингтон во Приштина, која последните неколку недели остро ги критикува лидерите на косовските Албанци, очигледно има за цел за пасивноста на Брисел во посредувањето при решавањето на прашањето за КиМ.

Анонимни извори за Вчерашни новости оценија дека токму тоа е причината за зголемениот ангажман „на терен“, како и именувањето на Филип Рикер за помошник на државниот секретар секретар за Европа и Евроазија.

Рикер, искусен дипломат кој ја познава ситуацијата на Балканот и важи за личност која „ќе ја заврши работата“, ја повика Приштина да ги укине даноците, а Белград да прекине со лобирањето за повлекување на признавањето на независноста на Косово и спречување на неговиот прием во меѓународни организации, се вели во текстот.

Во Белград и во Приштина кон крајот на неделата ќе пристигне американскиот подсекретар за политички прашања Дејвид Хејли за, како што е најавено, да разговара за историската можност да се постигне спогодба која ќе ги нормализира односите.

Веднаш по него ќе пристигнат и двајцата главни советници за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, Матиј Летенберг и Јан Хекер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This