March 29, 2024, 12:08 pm

Веб-cajтoви и пpoфили нa coциjaлни мpeжи во Грција ширеле лaжни вecти зa вakцинaтa и Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири сајтови и шест профили на социјалните мрежи откри Дирекцијата за борба со кибер криминал на грчката полиција по завршениот прв дел од истрагата поврзана со ширење лажни вести и поттикнување на граѓаните на постапки против јавно здравје, безбедноста и државата, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за сајтови и профили кои ширеле лажни вести поврзани со вакцинацијата и Ковид-19.

Истрагата започна по наредба на министерот за цивилна заштита Такис ​​Теодорикаку и денеска беа објавени првите резултати, а за конкретните сајтови и профили постојат докази дека се виновни за ширење лажни вести, поттикнување непослушност и обид за измама.

Конкретниот материјал од истрагата е доставен до Обвинителството во Атина, кое ќе спроведе прелиминарна истрага и понатамошна истрага за случаите.

Од надлежното Министерство додаваат дека истрагите на Дирекцијата за борба со кибер криминал продолжуваат и за конкретните 10 случаи, но и за други случаи што може да се откријат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This