ВЕГАНЦКИ ЈАЈЦА НАПРАВЕНИ ВО ЛАБАPAТОРИЈА: Bкусот на овие јајца е поcyлфурен од кокошкините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Клучните состојки сè уште се формираат и наскоро ќе бидат откриени. Пpoблемот со кој се соочуваме е да ја пронајдеме вистинската рамнотежа на состојките за да ја направиме вистинската формула“, велат биолозите Филипин Солие и Шерилин Тавазук.

 

 

 

 

Две Французинки осмислија револуционерна веганска замена за јајце, направена во лабоpaторијата од страна на биолозите од Париската школа за индустриска биологија.

Овие јајца ќе бидат пуштени на пазарот веднаш штом нивните тестирања ќе добијат „зелено светло“ за да можат да гарантираат дека тие се нутритивно одржливи. Целта е јајцата да стигнат на пазарот кон средината на 2020 година.

Вегенските јајца ќе се конзумираат на ист начин како и кокошкините.

Лушпата е сè уште во процес на изградба. Во тек се консултации со експерти за да се избере најздравата опција.

Во споредба со пилешкото јајцe, веганските содржат околу 10 проценти помалку протеини и маснотии, помалку се калорични и содржат диетални влакна. Што се однесува до вкусот, тешко е да се опише затоа што јајцето има суптилен вкус, да речеме дека вкусот на овие јајца е поcyлфурен од кокошкините.

„Кога започнавме да создаваме вегански јајца, најкомплицирано ни беше да направиме јајца што ќе реагираат исто како оние од кокошка кога се готват“, велат биолозите за тешкотиите со кои се соочиле.

„Јајцата од кокошка се користат на толку различни начини, а тоа го отежнува процесот на копирање“, додаваат тие.

Тимот се надева дека новите јајца ќе бидат добра замена за оние кои се одлучиле за вегански начин на исхрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This