ВЕДНАШ, ИТНО И НЕОДЛОЖНО: Владата мора да им помогне на малите компании бидејќи нема да ја преживеат kpизата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данела Арсовска Претседател на Сојузот на Стопански комори, во вечерашната Топ Тема на Телма телевизија, истакна дека сетот на мерки треба да се подобри неодложно е да се помогне на компаниите, веднаш, итно, сега, затоа што нема да останат компании кои ќе генерираат средства во буџетот.

-Мора да се знае доколку сега, веднаш неодложно не им се помогне на компаниите, нема да останат компании коишто понатаму ќе генерираат средства во буџетот, па ќе нема ни кој да ги враќа тие средства, истакна претседателката на Сојузот на Стопанските комори на Македонија Данела Арсовска.

-Треба да им се помогне на оние на кој што најмногу им е потребно, ова сега што е донесено како сет на мерки да се подобри во однос на пристапот до финсиските средства коишто треба да ги добијат компаниите, да се олесни пристапот за микро малите претпријатија. Веруваме дека големите компании ќе најдат, но микро малите компании, претприемачите, самовработените, односно сите оние коишто имаа проблеми да си обезбедат до сега егзистенција сега нивните работни места се доведени до прашање, вели Арсовска

Арсовска посочи дека во сетот мерки требаше да има потполна конкретна мерка што ќе се аплицира на сите, како што предложиле минималната плата, со вклучени придонеси за наредните два, три месеци, вели таа.

-Малите претпријатија немаат можност и ресурси да обезбедат средства, имаат нула приходи да пресметуваат на нетото колку бруто треба да уплаќаат, најмалку па да трчаат по кредити и дополнително да се задолжуваат и да бидат дополнително неликвидни, наместо да ги покриваат режиските трошоци тие да бараат средства коишто во наредните 12 месеци ќе ги плаќаат за по основ на придонеси коишто секако одат во буџетот, вели Арсовска.

-Не е коректно некој којшто сега ќе остане без работа, да остане на 7.000 денари без здравствено, социјално, а да има лица коишто ќе земаат повеќе од просечна или минимална плата во јавниот сектор, посочи Арсовска.

Таа вели нешто за кое што апелираше и ММФ уште пред два, три месеци е да се донесат мерки ургентно, итно, сега, веднаш за да не настанат уште поголеми штeти за економиите. Капацитетите кај микро претпријатијата се најважни тие бараат да им помогне сега за да може да вратат за неколку месеци од сега.

Премиерот Оливер Спасовски контра Арсовска рече дека овие мерки се баш за да им се помогне на микропретпријатијата и ако има потреба понатаму ќе се донесат дополнителни мерки.

Арсовска апелираше кон Спасовски за се она што ќе се презема да биде многу брзо за да се олесни патот до финансиските средства, но да не дозволиме да затворат компаниите и да се избркаат вработените од работните места, ако се има можност да се изврши ревидирање на критериумите особено за оние претпријатија коишто не можат да аплицираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This