ВЕДНАШ ОТСТРАНЕТЕ ГИ ОД ДОМОТ: Работи за кои не сте знаеле дека имаат рок на траење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секако дека го проверуваме рокот на траење на прехранбените намирници или производи за убавина. Меѓутоа, многу помало внимание им посветуваме на секојдневните работи, односно на оние кои многу често ги користиме. Ќе се изненадите што сѐ се вбројува во нив.

Во спална соба:

Перница

Освен што по некое време во перниците се собираат безброј бактерии, тие го губат и оригиналниот облик и предизвикуваат болка во вратот. Стручњаците препорачуваат да ги замените старите перници со нови – на секои две до три години.

Влечки

Влечките се совршена база за габичните инфекции. Поради тоа треба да ги перете колку што е можно почесто, а на секои шест месеци да купувате нови.

Во тоалетот:

Пешкири

На влажните пешкири се собираат бактерии. Дури ни со редовното перење не може да се ослободите од нив. Поради тоа се препорачува да купувате нови пешкири на секои 3 години.

Четки за заби

Четките за заби не треба да ги менувате само кога ќе се истрошат влакната, туку и откако ќе имате настинка или грип. Општо важи правилото: секои три месеци купете нова четка за заби.

Четка за коса

Четката за коса треба да ја чистите најмалку еднаш неделно. По една година користење време е за нова. Ако четката има природни влакна, тогаш треба да ја менувате на секои седум до десет месеци.

Парфеми и тоалетна вода

Парфемите и тоалетната вода кои содржат етерични масла, можат да траат и до три години ако ги чувате затворени. Ако се отворени, траат до две години. Тоалетната вода, ако е веќе отворена, може да ја користите до две години, а ако е затворена, може да стои и до четири години.

Во плакарот:

Градник

Кога градникот ќе го изгуби својот облик или еластичност, односно не е повеќе удобен, треба да се збогувате од него. Тоа е обично од година до две.

Патики за трчање

По 700 до 800 истрчани или изодени километри во патиките, тие ја завршиле својата намена. Кај повеќето модели веќе е излижан ѓонот, не се веќе цврсти и поголема е можноста за повреди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This