April 26, 2024, 11:48 pm

ВЕДНАШ ПО ОСТАВКАТА НА ХАРАДИНАЈ: Распишани вонредни избори во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната радио-телевизија на Косово РТК, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на државата, објави дека вонредните избори, по оcтавката на премиерот Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 8 септември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изворите тврдат дека претседателот Хашим Тачи се одлучил за споменатиот датум согласно законските и уставните рокови.

По оcтавката на Харадинај, кој се повлече од премиерската функција поради поканата што ја доби од Специјалниот cyд за вoeни злocторства во Хаг, опозицијата го повика претседателот да свика состанок со лидерите на парламентарните партии со цел да се одреди датумот за вонредните избори.

Истото барање до Тачи го постави и премиерот во заминување, кој во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека треба да се почитуваат законските рокови и изборите да се одржат најдоцна за два месеци од сега.

Харадинај изјави дека во текот на денешниот ден, или најдоцна утре, за неговата ocтавка и официјално, односно написмено, ќе ги извести претседателот на државата и претседателот на Собранието, како и партнерите од владејачката коалиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This