Велепредавникот Зоран Заев ги избриша одлуките на АСНОМ во Преамбулата на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велепредавникот Зоран Заев и антинародната и антипатриотска СДСМ ги избришаа Одлуките на АСНОМ од Преамбулата на Уставот на Република Македонија. Со Аанднманот XXXIV ги избришаа и закопаа длабоко и за навек сите Државотворни одлуки на АСНОМ. Одлуките на АСНОМ повеќе не се споменуваат во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.

Со Аанднманот XXXIV од Преамбулата се БРИШАТ “Одукуите на АСНОМ” и се заменуваат со зборовите “ ПРОГЛАСОТ на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ”. Со бришењето на Одлуките на АСНОМ, со кои се удрија темелите на Македонската држава пред 75 години, Зоран Заев и СДСМ газат по крвта и по коските на илинденците, на партизаните, на комитите и водјводите, газат по коските на селаните, работниците, интелектуалците, мажите и жените кои се бореле за самостојна и независна Македонија и за тоа ги положиле и своите животи. Ваков чин на понижување на народот и ваква дрскост може да се очекува само од еден однароден велепредавник и опасен лажливец.
Делегатите на првото заседание на АСНОМ од 2-ри август 1944 година, избрани од сите краеви на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви и вери и националности, усвоиле 9 историски одлуки, од кои повеќето со државотворно значење за Македонија.

Најзначајните државотворни акти на АСНОМ се:

1. РЕШЕНИЕ за прогласување на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија.

2. РЕШЕНИЕ на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава. Со ова решение македонскиот јазик се подига на степен на службен јазик на македонската држава, што на овој акт му дава државотворно значење, со оглед на фактот дека државноста на една земја е незамислива без постоењето на службен јазик.

3. РЕШЕНИЕ на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонската држава. Ова решение има, исто така, државотворно значење и со него Илинден е прогласен за државен празник, како симбол на сите борби на македонскиот народ за конечно ослободување од вековното ропство и создавање на слободна и суверена федерална македонска држава.

4. МАНИФЕСТ на АСНОМ до македонскиот народ кој претставува прокламација за националната слобода на македонскиот народ и создавање на македонската држава. Во овој историски документ е даден осврт на тешката борба за слобода на македонскиот народ од времето на Илинденското востание и Крушевската Република и народноослободителната борба против фашистичките окупатори, чиј плод е конституирањето на првата слободна македонска држава.

5. На заседанието на АСНОМ е усвоена ДЕКЛАРАЦИЈА за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија. Овој документ претставува еден од позначајните документи во историјата на Македонија, документ кој ги рефлектира идеите за создавање слободна и демократска Македонија, во која сите граѓани се еднакви и рамноправни пред законите, без разлика на народност, пол, раса и вероисповед.

Асномците на Првото заседание на АСНОМ имале импресивен демократски капацитет со усвојувањето на ваква декларација за заштита на човековите права. Тие несомнено биле демократски предвесници во Европа, за разлика од ова денешно време на тресење на сите учебници, карти, археологија и култура и од југ и од исток, и од Грција и од Бугарија, кои сакаат да ја грабат и соголат македонската историја и култура и македонскиот идентитет. Грците секаде бараат иредентизам кај другите, а на војните паради што ги одржуваат врие од национализам и шовинизам со “дерење кожите на скопјаните”.

Прогласот на АСНОМ не е правен акт

Одлуките на АСНОМ Зоран Заев ги брише Преамбулата на Уставот, со што ги руши темелите на македонската држава и место тие Одлуки, во Преамбулата се внесува Прогласот на АСНОМ до Македонскиот народ.

Прогласот на АСНОМ до Македонскиот народ не е правен акт. Со Прогласот македонскиот народ се известува дека е одржано првото заседание на АСНОМ и дека се удрени темелите на македонската федерална држава во нова Демократска и Федеративна Југославија. Прогласот преставува известување, соопштување за тоа каква работа била завршена на заседанието на АСНОМ и образложение за тоа какви одлуки биле донесени.

Според дигиталниот речник на Македонскиот јазик, ПРОГЛАС е писмено или усно јавно известување. Асномците знаеле што е Проглас и го известитле народот за својата работа на заседанието, а сега овие квази експерти се прават невешти како да не знаат што е проглас. Тоа е соопштение, јавна изјава или како денес се нарекува транспарентност во работата, но тоа не е никаков правен акт.

Ако изјавите на Зоран Заев или на СДСМ се третираат како правни акти, досега ќе имавме најмалку десет тома од лажни правни акти, затоа што тој секогаш лаже. Што ветуваше Зоран Заев кога од него се бараше да ги обелодени Уставните Амандмани? Ветуваше дека во Преамбулата поименично ќе бидат споменати сите Одлуки на АСНОМ. А сега што, место поиманично да ги наведе Одлуките на АСНОМ како што лажеше, во Преамбулата се наведува само Прогласот, кој не е никаков правен акт. Лажго како секогаш, ги избриша Одлуките на АСНОМ од Прамбулата на Уставиот и ги сруши темелите на Македонската држава.

Бришењето на Одлуките на АСНОМ од Преамбулата Уставот е смислен акт за рушење на се што е македонско.

Македонија се обезличува и македонскиот народ се сведува на граѓани, на држава без корен. Тоа го прави предавникот Зоран Заев и кликата окулу него, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со целосно раководење на фронтменот на ДУИ Бујар Османи, кој ја држи палката за растурање на Македонија и за целосна имплементација на Тиранската платформа. Тој е човекот кој еден ден пред поднесување на Амандманите беше во Атина, наводно на средба со алтернативниот министер Катругаклос.

Во Преамбулата се бришат зборовите “ одлучија да “

Бришењето на зборовите “одлучија да“ од Преамбулата на Уставот значи целосна негација на македонската држава. Целта на ова два збора “одлучија да“ што се бришат од Преамбулата на Уставот е да се прикаже дека се конституира Република Северна Македонија од денот на усвојувањето на ова Преамбула и на амандманите на капитулантскиот договор со Грција. Со ова комплетно се прифаќа дека Македонија повеќе нема да постои и е сведена на збирштина на некои граѓани! Со бришењето на зборовите “одлучија да“ се растура целата борба на македонскиот народ и се прави обид да се прикаже дека тоа се некои граѓани од никаде, аноинимуси и вештачки граѓани без корен. Жалопсно и срамно. За ова Македонија животите ги положија стотици илјади борци за слобода и независност, а сега Зоран Заев и кликата окулу него сето тоа го ништи. Бришење на зборовите “одлучија да“ од Преамбулата на Уставорт е камен окулу вратот на задавена Македонија.

Охридскиот рамковен договор во Преамбулата на Уставот

Додека Македонија се ништи, ДУИ со уцените на лажоманот Зоран Заев, кој за да ја задржи власта ја жртвува и државата и народот, Албанците си ја тераат својата агенда зацртана во Тиранската платформа. Никогаш и никаде не се поврзуваше Охридскиот рамковен договор со капитулантскиот договор од Преспа. Тој договор е преточен во уставни одредби и неможе таков договор да преставува елемент на конституирање на Република Македонија. Пред пет дена Зоран Заев го негираше фронтменот на ДУИ Бујар Осамни, чија основна цел е спроведуцвање на Тиранската платформа и националистичките барања, кој прв пат го најави ова барање, за да сега после два дена Охридскиот рамковен договор се најде во Преамбулата на Уставот. Оа значи дека темел на Северна Македонија, на најмладарта држава на светот е Охридскиот рамковен договор. Друго ништо не е важнио, ни АСНОМ, ни Референдумот од 2001 година, ни вековната борба за слобода на Македонскиот народ, ни жртвите и страдањата. Сега на преден план излегува Охридскиот рамковен договор, утума упикан во преамбулата на Македон- скиот народ.

Со хунтата на диктаторот Зоран Заев на Македонија ништо добро не и се пишува. Македонија умира во 21-от век и исчезнува засекогаш. Капитулантска корумпирана Влада, капитулантски договор и капитулантски амандмани.

Диктатори, лажомани, капитуланти и лицемери ќе дојде денот кога ќе одговараат пред граѓаните за сите злодела што ги прават за уништувањето на Македонија.

автор: Михајло Маневски за Република мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This