March 29, 2024, 12:01 pm

ВЕЛЕС СЕ РУШЕШЕ, АЦЕ БЕГАШЕ ОД ОДГОВОРНОСТ: Како Аце Коцевски бегаше од одговорност кога половина Велес се сруши!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велешани добро знаат дека Аце Коцевски беше градоначалник на општината во два мандати. Но, исто така знаат и паметат дека за време на неговиот деветгодишен период на управување со општината во Велес владееше секојдневен страв од рушење на стотици куќи во месноста Рамина. Граѓаните стрепеа од страв дека од лизгањето на земјиштето во секој момент покривот ќе им падне на глава и очајно бараа помош од „таткото’’ на градот. Велешкото секојдневие во периодот на Аце Коцевски беше вакво:

Во тој период Аце Коцевски соочен со револтот на граѓаните за неговата пасивност во однос на решавањето на овој горлив проблем на велешани, без срам ветуваше дека проблемот со свлечиштето ќе биде решен. Само ветуваше! Секогаш кога требаше на дело да покаже дека има намера да го реши проблемот, тој бегаше и тврдеше дека тоа не е негова надлежност. На луѓето од Рамина им се рушеа куќите, а половина град беше во опасност од хуманитарна катастрофа, а тогашниот градоначалник Аце Коцевски се прогласуваше за ненадлежен.

За хипокризијата и дрскоста на Коцевски да биде уште поголема, секој амандман предложен од тогашните советници на ВМРО-ДПМНЕ со кои се бараше средства за решавање на проблемот, тој и СДСМ го одбиваа. Аце Коцевски амандманите не ги прифаќаше, а потоа советниците на СДСМ за нив гласаа против. На сликата во продолжение е приложен извадок од Записник од одржана седница на Советот на Општина Велес, каде до градоначалникот Аце Коцевски советниците на ВМРО-ДПМНЕ предложуваат конкретен амандман за обезбедување на средства за помош и разрешување на проблемот со Рамина. Од истиот Записник се гледа изјаснувањето на Аце Коцевски против предложениот Амандман, како и податокот дека тогашното советничко мнозинство на СДСМ на поединечно изјаснување, кое го побарал сегашниот пратеник Илија Димовски, а тогашен советник во општината, исто така гласа против предложениот амандман.

Никој, ниту Аце Коцевски, ниту владата на СДСМ не сакаше да помогне за решавање на проблемот со Рамина. Не само што Коцевски не обезбедуваше средства за Рамина во општинскиот буџет, туку тој се покажа и како целосно неспособен да издејстува државни пари решавање на овој горлив проблем на Велешани – на владата на СДСМ не и беше важен Велес, ниту граѓаните.

Помош од државата пристигна во 2007 година, во првата година по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ. Од Буџетот на Република Македонија беа издвоени потребните 1,5 милиони евра и се изградија две големи потпорни колови конструкции со кои се реши проблемот со лизгање на земјиштето.

После сето ова, изненадува дрскоста на Аце Коцевски повторно да се појави како кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Велес – по петти пат. Тој меѓу граѓаните остана запаметен по бегањето од соочување со сериозните проблеми во општината, мачкајќи им ги очите ги со фарбање фасади и шминкање тротоарчиња по главната улица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This