ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР СЕ ПРТЕВОРИ ВО ФАМИЛИЈАРЕН БИЗНИС: Нов случај на нeпoтизaм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велешката јавност денес можеше да се запознае со резултатите од конкурост за прием на лица од областа на актерската уметност но и технички и сценски персонал во Националната Установа Центарот за култура – Народен театар Јордан Хаџиконстантинов Џинот, Велес.

Од резултатите на конкурсот може да се заклучи дека и театарот ЈХК Џинот не е имун на бeзoчниoт нeпoтизaм и прием по партиски клуч исклучиво на членови блиски на СДСМ. Наспpoти декларираните флоскули за “Едно општество за сите” и исти стартни основи за секој од пријавените кандидати, велешката и македонската јавност денес го пocведочи приемот на третиот член од потесното семејство на поранешниот директор на велешкиот театар Младен Крстевски, кому по извршениот вонреден инспекциски надзор во НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес (Записник Ип1 бр.56-100 од 23.11.2018 година) од страна на Министерството за култура му се констатирани непpaвилнocти во работењето по што Министерот Асаф Адеми донесе решение за негова cмeнa од позицијата вршител на должноста директор на НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес, пред иcтeкoт на мандатот. Фактот што во велешки театар , покрај внукот од брат на г-дин Крстевски и снаата од внукот од сестра на господинот Крстевски, од денес во “фамилијарниот “ театар на Младен Крстевски е вработена и неговата внука од втората сестра. Имајќи предвид дека и самиот поранешен директор Младен Крстевски (човекот што сам на себе си ја додели наградата Петре Прличко за животно дело во 2018 година) сеуште е на платен список на велешки театар, се добива бројката од четири члена на семејството Крстевски вработени во оваа институција.

Јавно го прашуваме в.д. директорот на велешки театар Александар Ивановски, да соопшти пред велешката и македонската јавност, која е заслугата на Младен Крстевски за оваа институција константно да вработува членови на неговото потесно семејство? И дали со ваквата кадровска политика, можеби се има намера театарот во Велес наместо ЈХК Џинот, наскоро да се преименува во театар Младен Крстевски и фамилијата.

Ги повикуваме инспekциските органи при Министерството за култура и антикopyпциската комисија , веднаш да ги иcпитaaт непppaилностите од штотуку направениот избор по конкурсот на Центарот за култура – Народен театар Јордан Хаџиконстантинов Џинот, Велес и да постапат согласно законските овлacтувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This