ВЕЛИГДЕНСКАТА ХИМНА: Како е напишана најпознатата песна на Џокси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прва асоцијација на Велигден, покрај обоените јајца, се разбира, секогаш е Џокси и неговата песна „На Велигден сум се заљубил“. Кога наближува Велигден, најпуштана песна е антологиската „На Велигден сум се заљубил“. Џокси има и други песни, но секогаш го препознаваат и го поврзуваат по овој велигденски хит.

Чести се коментарите од типот: „Влаcт може да се смени, ама Џокси за Велигден не го менува никој!“. А многумина ја нарекуваат и велигденска химна, без која не смее да помине празникот.
Неспорно е дека песната која тој ја направи ќе остане запаметена како една од најубавите македонски песни и Џокси не крие дека навистина му годи што народот ја прима со воодушевување и него како автор го поврзуваат со најголемиот верски празник.

Џокси живеел долго во Бол на Брач, скоро 8-9 години, а таму има едно континентално место се вика Селца. За Велигден кај нив се одржува процесија односно колона од луѓе долга 10 километри, а тој им се придружил со цигара во колоната и една баба дојде го фатила за рака и мy рекла: „Ти не си од овде, зар не?“ Му кажала дека не смее да се пyши додека се движи процесијата го однела првиот ред на клупите на католичката црква.

Потоа овој настан Џокси се вратил во Скопје каде 20 дена не излегол од дома. Тогаш во еден здив на напишал познатата песна.

Оригиналната верзија на песната е напишана во деведесеттите години, а за Велигден 2008 година, Ламбе Алабаковски го препеа овој хит, кој во времето кога Џокси ја снимил најпрвин не била прифатена и донекаде била и зaбpaнета за јавна изведба, па со демократизацијата на Македонија, во почетокот на деведесеттите години бил првпат изведена. Во преработката која ја пее Ламбе Алабаковски дел од песната е изменет и од љубовна таа станува патриотска песна.

Така, антологиската песна на Џина Папас-Џокси, „На Велигден сум се заљубил”, по дваесетина години од нејзиното објавување повторно стана актуелна благодарение на новата верзија, која ја отпеа поп-пејачот Ламбе Алабакоски. Новата верзија на песната беше дел од проектот „Песни од татковината” во продукција на радио „Бубамара“, а за новиот аранжман беше задолжен продуцентот Дарко Димитров. Интересно е тоа што во оваа преработка се најде и една нова строфа во која се опфатени актуелните случувања во Македонија во последните неколку години.

Дополнителните стихови ги напиша Џокси во соработка со текстописецот Огнен Неделковски и сопственикот на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ.

Дарко Димитров, кој е продуцент и композитор на новата верзија, тогаш изјави: „Беше многу интересно да се направи спој на нешто современо со нешто што се работело во тие години, да ставиме нешто и од нашиот фолклор. Успеав да направам трик и од оригиналната песна да ги извадам гајдите и да ги вметнам во новиот аранжман.“, додека Ранко Петровиќ од радио „Бубамара“, сметаше дека тогаш бил вистинскиот момент да ја направат и онаа трета строфа која вели: „Пеј мој народе македонски, секаде каде што си населен…“

Првиот впечаток на Ламбе Алабаковски, кој ја изедува новата верзија на хитот „На Велигден сум се заљубил“ беше:„ Искрено сум фасциниран и многу задоволен од тоа како изгледа песната во целина.

Песната сама по себе е легенда. Таа секогаш ќе остане запишана во музичката историја на македонската музика.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This