Велика Британија го нaдминa пикoт нa Дeлтa cojoт – цeлa нeдeлa пaѓa бpojот нa нoвoзapaзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија регистрира најмал број дневни случаи на Ковид-19 од 4 јули, поради што во земјата сметаат дека неодамнешниот пораст на нови случаи предизвикани од ширењето на Делта сојот го надминал својот врв.

Бројот на новоинфицирани паѓа шести ден по ред. Во неделата имало 29.173 случаи, а денеска 24.950 случаи. Вкупниот број новоинфицирани во текот на изминатата недела е за петтина помалку од претходната недела.

Британската влада проценува дека ризикот од смрт или хоспитализација е низок поради високата стапка на вакцинација што штити од развој на потешки форми на Ковид-19.

Сепак, многу вработени сè уште отсуствуваат од работа затоа што мора да се изолираат поради контакт со заразени лица.

За време на пандемијата во Велика Британија, 129.172 лица починаа од корона вирус, што е, по Русија, втор по големина официјален број на жртви во Европа.

Велика Британија во последните 24 часа регистрира 14 смртни случаи, што е двојно помалку отколку во неделата кога имаше 28. Сепак, во последните седум дена починале 445 луѓе, што е за 50 отсто повеќе од претходната недела.

Во Обединетото Кралство повеќе од 70 проценти од возрасната популација е целосно вакцинирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This